Бенгалски глад (1943)

Бенгалскиот глад од 1943 годинаглад во бенгалската провинција на Британска Индија (во денешен Бангладеш и источна Индија) во текот на Втората светска војна. Умреле околу 2,1 до 3 милиони луѓе, од население од 60,3 милиони, од глад, маларија и други болести влошени поради неисхранетост, раселување на населението, несанитетски услови и недостиг на здравствена заштита.

Фотографија од изгладнети луѓе за време на Бенгалскиот глад во списанието „Државник“

Настан

уреди

Гувернерот на Бенгал наредил оризот собран во 1942 година во Бенгал да биде прераспореден или уништен за да не падне во рацете на противниците. Властите конфискувале 46.000 бродови од месното население, а со тоа уништувајќи ја рибната индустрија.

Властите тогаш почнале да земаат храна од руралите средини, каде што веќе имало рестрикции за храна, за луѓето кои биле сметани за „приоритет“, претежно побогати и подобро образувани луѓе, како и тие кои што работеле во воената индустрија и во јавниот сектор.

Најавите за поплавување на обработливите површини и ставањето на резервите за храна под ризик не ја спречиле британската влада на Винстон Черчил да не постапи по овие предупредувања. Тогаш започнал гладот, наместо да се овозможи олеснување, Владата ѝ забранила на колонијата да ги користи своите сопствени финансиски резерви или бродови за да увези храна и наместо тоа продолжиле да извезуваат илјадници тони ориз за Европејците и продолжиле достапната храна од други места низ Британската Империја да биде чувана во магацини.[1]

Наводи

уреди
  1. „Во сеќавање на Бенгалскиот глад од 1943 година“ Архивирано на 24 септември 2020 г., „Гласник“, 22.08.2020