Белинташ (бугарски: Белинташ) — камено плато во бугарските Родопи со траги од древни човечки активности. Се претпоставува дека тоа е култен објект од бакарното време, кој бил користен за ритуални потреби од племињата кои живееле во областа, иако неговата природа и намена сè уште не се целосно разјаснети. Постојат и хипотетички претпоставки дека постојното древно светилиште му било посветено на богот Сабазиј, подоцна кога Тракијците го населиле овој дел од планината. Должината на каменото плато е околу 300 м, а надморската височина е 1225 м. Се наоѓа на 30 км југоисточно од Асеновград. Тоа е второ светилиште врежано во камен во Бугарија, зад Перперек.

Белинташ
Белинташ
Поглед од Белинташ
МестоАсеновград, Пловдивска Област, Бугарија
Координати41°51′00″N 24°58′6″E / 41.85000° СГШ; 24.96833° ИГД / 41.85000; 24.96833
ВидКамено светилиште
Површина2,3 ha
Белешки за наоѓалиштето
Јавен пристапслободен

Според проф. Валерија Фол, Белинташ е еден од најјаките примери на многуфункционално свето место. Некои научници сметаат дека покрај за ритуални цели, светилиштето служело и за астрономски мерења.

Панорама на Белинташ

Етимологија на името

уреди

Белинташ значи „бел камен“ и е образуван од бугарската придавка „бял“ (бел), кој во месните говори може да има форма „белиан“ или „белан“, и турскиот збор „таш“ (камен)[1].

Според теоријата на Никола Боев (која не ја споделуваат археолозите и историчарите), топонимот Белинташ може да се преведе како „каменот на војната“. Боев го поврзува името со светата војна за главното светилиште на Сабазиј/Дионис во Родопите]].[2]

Според народните преданија местото е именувано според соработникот на Караџа војвода – Бел војвода[3]

Проф. Ана Радунчева во своето истражување истакнува дека белиот магнезит, со кој била обвиена бакарновременската могила до с. Долнослав, е добиен од реонот на светилиштето Белинташ и дека во овој дел на тракиската низина уште во ерата на халколитот, во почетокот на месец мај се забележува уникатната природна појава „бели ноќи“ и тогаш целата ридска рамнина е обвиена со пенлив бел сјај, а високо над него на мастилно синиот фон на ноќното небо се издвојува јасно „машка фигура која лежи", која потсетува на висорамнинката-олтар гледано од низината, што според Радунчева има врска со името на светото место.[4]

Датирање

уреди

Научниците се склони почетокот на култните активности во Белинташ да го сместат во V в.п.н.е. Археологот Борислав Бориславов тврди дека Белинташ е основан порано од другото познато тракиско светилиште во Родопите — Перперек[5].

Археолошки истражувања

уреди

Првите ископувања во Белинташ ги направиле бугарските археолози од Историскиот музеј Асеновград во 1975 година [6].

Истражувањата продолжиле во 1980 година, кога се претпоставило дека висорамнинката претставува древна сончева опсерваторија[7][8].

Ископувањата на групата на археологот Иван Христов во 2003 година покажале присуство на материјали од камено-бакарното време, од доцното бронзено време, раното железно време, старогрчки и римски артефакти, што водат до заклучок дека светилиштето Белинташ се користело со векови[9].

Во 2011 година на висорамнинката се пронајдени остатоци од ѕид, кој веројатно го одделувал светиот дел од останатата територија. Исто така пронајдена е место на масивна влезна порта.

Галерија

уреди

Белинташ во популарната култура

уреди

Белинташ станал важна тема во жолтиот печат во Бугарија. Постојат многу легенди и приказни за ова место, површно обработени од новинарите. Наводно, некаде во близина е погребан чичко на Александар Македонски, кој погинал во бој со Персијците[10], тука се наоѓа космодром на вонземјани, а во 2012 година ѕвезда која се појавила над висорамнинката го спасила човештвото од уништување[11]. Исто така публикувана е верзија според која Белинташ бил пристаништето за Ноевата арка после потопот [12].

Наводи

уреди
  1. Костадинов (Чешмеджиев), Костадин Ж. Местните имена в Асеновградско. изд. Еко Белан, 1997 г. стр. 158.
  2. Боев & 7 – 10
  3. 24chasa.bg „Белинташ – по-старо плато от Перперикон?“ (Автор ЕЛИЦА ЙЪЛДЪРЪМ) 10.11.2010
  4. Радунчева, А, „Разкопки и проучвания Книга XXXII. Късноенеолитно общество в Българските земи“, БАН, София, 2003 г.
  5. „monitor.bg «Наше светилище 20 века по-старо от пирамидите» (Автор: Ели Крумова)26.08.2011“. Архивирано од изворникот на 2015-07-11. Посетено на 2017-04-26.
  6. asmuseum-bg.com Музеите на Асеновград «Беланташ»
  7. Документален филм на БНТ (РТВЦ Пловдив) «Тракийските опсерватории Белинташ, Татул и Харманкая»
  8. Стоев и кол. 1990 : А. Стоев, П. Мъглова, В. Гинева, Ц. Радославова. Тракийското скално светилище Белинташ край с. Мостово, Пловдивска област — модел на древна слънчева обсерватория. — Интердисциплинарни Изследвания, XVII , 1990, 156—167 стр.
  9. Агенция «Фокус» интервю с археолога Борислав Бориславов от 20 Юни 2010 Архивирано на 12 август 2020 г. (интервью с археологом Бориславовым) (бугарски)
  10. Доц. Калинов: Мистериозен тунел под България крие несметни богатства
  11. Спасете се на Белинташ на 21.12.2012
  12. http://www.desant.net/show-news/27760/

Надворешни врски

уреди