Перперикон

(Пренасочено од Перперек)

Перперикон или Перперек (латински: Perpericon; грчки: Περπερικον) — археолошки комплекс во Источните Родопи кој се состои од големо мегалитно светилиште од пред 8000 години во камено време, споменици од антички и средновековни тврдини. Кај Тракијците, Перперикон бил свето место, престолнина и тврдина со царски дворец. Подоцна тука живееле Римјани, Готи, Византијци и Бугари. Уништен од османлиските Турци во XIV век.

Перперикон
Перперикон
Урнатини од античкиот град Перперикон
МестоКрџалиска Област, Бугарија
ОбластТракија
Виднаселба
Белешки за наоѓалиштето
Состојбаво урнатини
Балкански Полуостров – местоположба на Перперикон (црвен четириаголник) во Источните Родопи и на Делфи (зелено)
Врвот Перперек – поглед од долината (2004)
Местоположба на Перперикон

Местоположба

уреди

Перперикон се наоѓа на 15 км североистоично од денешниот град Крџали, во долина долга 10 и широка 3-4 км (надморска висина 300 до 370 м), низ која тече златоносната Перперишка Река. Перперикон се наоѓа на десниот брег на реката, над селото Горна Крепост. Зафаќа површина од околу 12 км2. Мегалитниот комплекс, најголем на Балканскиот Полуостров, зафаќа површина од 5 [[км2]]. Тракиското светилиште се наоѓа на надморска висина од 470 м, на стена, на врвот на ридот.

Перперикон е еден од стоте национални туристички објекти во Бугарија.

Бугарските траколози категорично одбиваат објектот да го нарекуваа Перперикон, затоа што тоа му е дадено доста подоцна на местото, веројатно од римските освојувачи на Тракија. Перперек е древнотракиското име на објектот и според професор Александар Фол е единствено возможно име. Перперикон се појавува во византиската епоха.

Перперек исто така е машко тракиско име кое се среќава кај Хомер. Професорот Фол во своето предавање вели дека од имињата на цела Тракија е Перке, што означува „стена“, и истото е зачувано во имиња како Перперек, Персенк, Перин (денес Пирин), како и врвот Перистер (денес Пелистер), врвот на планината Баба крај Битола.[1]

Според интерпретацијата на Николај Овчаров подоцното именување на местото „Перперикон“ е поврзано со златните монети „перпера“, познати и како „златица“ во средновековна Бугарија.[2].

Откривање

уреди

Перперек е познат на бугарската археолошка наука уште од 1930-тите, кога го опишал проф. Иван Велков.

Опис и особености

уреди

Првото археолошко истражување на Перперек е спроведено на крајот на 1960-тите и почетокот на 1970-тите години од тим со научен раководител Михајлов. Карпестото светилиште претставува огромен планински масив, во кој секоја педа од стеновита површина била изработена од човечка рака. На самиот врв се наоѓа огромен базен со димензии 12 m x 8 m x 6 m, стеновити престоли, пространи простории издлабени во карпа и клупи. Т.н. „свет пат“, што доведува до т.н. „голем храм“ - просторија со должина од околу 100 m, ширина 10–12 m, вкопан е во карпите на планината е широк од 3 m до 4,5 m. Внатрешниот простор е дизајниран на три нивоа. Во источниот дел од храмот е издлабена фигура на лав што стои на четири нозе. Значително количество керамика од доцното бакарно време е најдено во реонот на старите рампи - факт кој покажува дека светилиштето е основано и функционирало во втората половина на енеолитот.

Археолошката локација зафаќа карпест врв, кој се наоѓа југозападно од селото Горна Крепост, наречен од месното население „Џин тепеси“ - преведено од турски „Врвот на боговите“. Гребенот е направен од карпи кои се помеки и поподложни на климатските услови (атмосферски влијанија, ерозија на водата поради обилните дождови и влага) како и полесни за обработка.[3]

Историја

уреди

Перперек бил населен уште во времето на халколитот пред 8000 години и својот процут го достига во доцната антика, кога е градски центар во рамките на провинцијата Тракија на Римското Царство.

Во доцното бронзено времебронзено и раното железно време на ридот било изградено светилиште. Николај Овчаров, смета дека светилиштето му е посветено на богот Дионис на тракиското племе Сатри (чиј свештенички род биле Бесите), што повеќекратно се спомнува во древногрчките писмени извори. (Макробиј соопштува дека: „Дознавам, дека во Тракија Сонцето и Либер се сметаат за еден и ист бог. Него Тракијците го нарекуваат Себадија, како што пишува Александар Полихистор и на овој бог на ридот Зилмисиос му е посветен храм во форма на ротонда, чиј покрив во средината е отворен) [4][5]. Светилиштето било барано цел век. Тоа, заедно со она на Аполон во Делфи, се двете најзначајни пророчишта во древно време. Според древни легенди, во пророчиштата, над специјален олтар се вршеле винско-огнени обреди и според висината на пламенот се судело за силата на претскажувањето.

Повикувајќи се на наоди и древни извори, Николај Овчаров толкува многу аргументи, дека светилиштето на Дионис се наоѓа на Перперек. . Еврипид во својата трагедија „Хекаба“ (424 п.н.е.) пишува “зачуден, дека“ ... некои велат, дека Дионис-Пророчиштето (Дионис-Оракулот) се наоѓа на планината „Пангајон“ (Кушница), додека други кажуваат дека се наоѓа на Хемус (Стара планина).“ Според делата на подоцнежни римски историчари, сепак Дионис-Пророчиштето во Родопите е најважното светилиште. Една од главните информации за родопското светилиште на Дионис е на римскиот историчар Светониј. Во своето дело „Дванаесетте цезари“ тој го опишува прорекувањето кое му било дадено на таткото на првиот римски цар Октавијан Август, дека неговиот син ќе биде господар на целиот свет, заради тоа што знак за тоа бил високиот пламен при принесување жртва на олтарот [6]. Во истото светилиште на Александар Македонски му било претскажано дека ќе завладее со познатиот свет од Египет до Индија.[7]. При опишувањето на походот на Ксеркс меѓу Елините во 480 г.п.н.е., Херодот исто така го споменува пророчиштето на Дионис, кое „...се наоѓало на висок врв на планината. Со прорекувањата во светилиштето се занимавале Бесите. Свештеник ги изрекувал претскажувањата точно како во Делфиското пророчиште.

Водечките траколози, меѓу кои е и професор Валерија Фол категорично не се согласуваат со оваа теорија на Овчаров. Според проф. Валерија Фол, на Перперек не е Дионисовото светилиште, иако објектот има долг живот како светилиште, како градски и црковен центар. Таа нагласува дека крај Персенк се наоѓаат урнатините на едно масовно светилиште покрај кое минува древен свештен пат и на лик се исклучително добро запазени многу рани тракиски тврдини. Таа маршрута, според проф. Валерија Фол, била една од најактивно користените патни артерии во Родопите во древно врем и по него може да се пресече целата планина. Таа нагласува, дека токму по овој пат под Персенк треба да се бара големото светилиште на Дионис.

Николај Овчаров изнесува теорија, според која местото исто така било епископски град каде во раниот V век Никита Ремесиански ги покрстил Бесите и им дал „тракиска азбука“ создадена од него и богослужба на тракиски јазик.[8] Храмот на древниот град е посветен веројатно на тракискиот световен бог Загреј. Макробиј (400 г.н.е.) известува за едно светилиште со форма на овална сала.

Свештениот илјадолетен град бил уништен од османлиските Турци во 1362 година и неговите жители биле одведени во ропство.[9] По неколку децении местото било потполно пусто. Кон крајот на XIX век Константин Јиречек известува за средновековната тврдина Хиперперакион (Перперикон), иако лично не го посетил местото. Интересен момент во неговиот опис е фактот дека меѓу претежно турските топоними единствен преживеан на турски е хидронимот Перперекдере, името на реката, која оформила прекрасна долина, над која се издига тврдината врежана во стените.

Ископувањата на локацијата почнале во 2000 година и се придружени со многу контроверзни прашања во врска со археолошките истражувања, конзервацијата и изложувањето на објектот. Во 2006 година екипата на „Во светот и кај нас“ открива очевидци кои тврдат дека гробниците биле ограбени во 199-тите години.

Галерија

уреди
 
Панорама – на исток

Наводи

уреди
  1. Фол, Александър "Самотният пешеходец • Интервюта, изказвания, разговори, отзиви, статии в медиите", ИК "Гутенберг", София 2012, ISBN 9789546171306, с.104-105
  2. Колектив, Крепостно строителство по българските земи, София 2000
  3. Георгиев, Владимир "Източни Родопи. Геоложки феномени, богове и хора", АИ "Проф.Марин Дринов", София 2014 г., ISBN 978-954-322-707-5
  4. Macrobius.Saturnalia.I.18.11
  5. Ovcharov Nikolai, Perperikon. A civilization of the rock people. Sofia,2005
  6. Светилището на Дионис на Перперикон“ – Николай Овчаров, Даниела Коджаманова, Милен Камарев, изд. Попгеоргиеви и сие ISBN 954-9750-12-4
  7. Николай Овчаров, Предречено на Перперикон, София 2011
  8. Николай Овчаров, Хроника на свещения град Перперикон, София 2006
  9. Д. Коджаманова, Николай Овчаров, Перперикон и околните твърдини през Средновековието. Крепостното строителство в Източните Родопи. С., 2003

Надворешни врски

уреди