Безвременски јазик

(Пренасочено од Безвременски јазици)

Безвременски јазик е поим во лингвистиката со кој се опфаќаат јазиците кои немаат граматичка категорија време. Овие јазици имаат време во семантичка смисла, но не користат морфолошки средства за да го означат истото. Временските јазици, како што е македонскиот на пример, користат помошни глаголи и наставки за да искажат минато или сегашно време, но безвременските јазици користат прилози и временски фрази за да искажат време. Примери за безвременски јазици се кинескиот, мјанмарскиот, дирбалскиот[1], а според некои анализи такви јазици се и гренландскиот[2] и гваранскиот јазик[3].

Кинески јазик

уреди

Кинескиот јазик користи прилози и временски фрази за искажување на времето. Исто така јазикот користи и зборови за модалност и начин. Како пример е земена следнава реченица[4]:

明天我去北京。
Míng tiān wǒ qù běi jīng.
Утре јас оди Пекинг
Утре јас ќе одам во Пекинг.

Наводи

уреди
  1. Comrie 1985, стр. 50-53.
  2. Bittner 2005.
  3. Tonhauser 2011.
  4. Искажување време во кинескиот јазик

Користена литература

уреди
Bittner, Maria (2005). „Future discourse in a tenseless language“. Journal of Semantics. 12 (4): 339–388. doi:10.1093/jos/ffh029.
Comrie, Bernard (1985). „Tense“. Cambridge University Press. ISBN 0-521-28138-5. Наводот journal бара |journal= (help)
Tonhauser, Judith (2011). „Temporal reference in Paraguayan Guaraní, a tenseless language“. Linguistics & Philosophy. 34 (3): 257–303.

Поврзано

уреди