„Бебиситерката“ (англиски: The Babysitter) е новела на Роберт Кувер од 1969 година. Новелата била инспсирација за снимање на хорор филмот „Бебиситерката“ снимен во 1995 година, на режисерот Гај Ферленд. Во Македонија, таа е објавена во 2008 година, во издание на „Темплум“, како 69 книга во рамките на едицијата „Магма“. Преводот од англиски јазик е дело на Јана Андреевска.

Технички одлики

уреди

Збирката е печатена во мал формат (18 сантиметри), во мек повез и има 83 страници. Книгата е каталогизирана во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 978-9989-189-28-9. Графичкото уредување и дизајн е дело на Бранко Прља. На предната се наоѓа вез на Maggy Rozycki Hiltner, додека на задната корица е даден кус осврт врз книгата и попис на дел од објавените книги во едицијата „Магма“.[1]

Содржина

уреди

Новелата „Бебиситерката“ претставува приказна за една девојка која ги чува децата на семејството Такер, Џими и Битси. Дејството се одвива во текот на една вечер, од 19 часот и 40 минути до 22 часот и 30 минути. Господинот и госпоѓата Такер одат на забава при што во нивниот дом пристигнува бебиситерката. Притоа, во повеќе кратки делови, авторот истовремено опишува исти ситуации, од кои дел се стварни, а некои се замислени од ликовите во книгата. На тој начин, во новелата не е јасно што се случува, а што е фантазија. Додека ги чува децата, бебиситерката гледа телевизија и истовремено војува со нив, бидејќи тие се многу палави. Господинот Такер си замислува како би било да има секс со бебиситерката. Нејзиното момче Џек и се јавува, сакајќи да оди во домот на Такерови, додека неговиот другар Марк го наговара да одат заедно со намера да имаат секс со девојката. Господинот Такер фантазира да се врати дома и да ја изненади девојката, која го привлекува. Бебиситерката се капе во кадата на Такерови и си го замислува господинот Такер. На телевизија, водителот зборува нешто за една бебиситерка.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Роберт Кувер, Бебиситерката, Темплум, Скопје, 2008.