Баталјон „Спарта“

Баталјон „Спарта“ (руски: батальон «Спарта») — воена единица на народна милиција на проруската Донечка Народна Република во источна Украина. Тие биле вклучени во руските вооружени сили во 2022 година. Единицата се борела против вооружените сили на Украина во Војната во Донбас и Руската инвазија во 2022 година. Била создадена во 2014 година, првично била предводена од Русинот Арсен Павлов (наречен „Моторола“) до неговата смрт во октомври 2016 година, а потоа од Владимир Жога (наречен „Воха“), од Славјанск,[1] до неговата смрт во март 2022.[2]

Баталјон „Спарта“
Батальон «Спарта»

Service sleeve insignia of the Sparta Battalion
Активна2014 – денес
Припадност Русија
РодДонечка Народна Република Народна милиција на ДНР (2014-2022)
Руски вооружени сили (2022-денес)
УлогаСпецијални сили
ГолеминаОколу 8.612 војници
ШтабДонецк
ПрекариМоторолова дивизија
БиткиВојна во Донбас Руска инвазија на Украина (2022)
Команданти
Тековен
командант
Артем Жога
Истакнати
команданти
Арсен Павлов 
Владимир Жога 
Обележја
Алтернативни ознаки на ракавите
Знаме на баталјонот Спарта

Баталјонот учествувал во Bитката кај Иловајск, Втората битка на Донецкиот аеродром и неколку помали.[3][4] Според Foreign Policy, Баталјонот „Спарта“ има „углед на немилосрдност“.[5] Баталјонот извршил воени злосторства во Донбас и е опишан како руска ултранационалистичка група.[6][7]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Separatist known as Vokha will become new commander of the Sparta Battalion“. UA Wire. 24 октомври 2016. Посетено на 14 јануари 2024.
  2. Batchelor, Tom (24 март 2022). „Russian commanders killed in Putin's war as Ukraine invasion 'not going to plan'. The Independent. Посетено на 14 јануари 2024.
  3. „The Battle of Ilovaisk: Details of a Massacre Inside Rebel-Held Eastern Ukraine“. Newsweek. 4 ноември 2014. Посетено на 14 јануари 2024.
  4. „Ukraine Live Day 335: The Battle for Donetsk“. The Interpreter. 18 јануари 2015. Архивирано од изворникот на 2022-02-25. Посетено на 14 јануари 2024.
  5. Losh, Jack (25 октомври 2016). „Is Russia Killing Off Eastern Ukraine's Warlords?“. Foreign Policy. Архивирано од изворникот на 2016-10-25. Посетено на 14 јануари 2024.
  6. „Ukrainian Veterans Recall Pivotal Tank Battle In Volnovakha“. Forbes. 9 ноември 2022.
  7. Borgonovo, Federico (7 април 2022). „Putin's Hybrid Army“. European Eye on Radicalization (англиски). Архивирано од изворникот на 2023-05-29.

Дополнителна книжевност

уреди