Бартер Ој
Бартер Ој (германски: Barther Oie; буквално „бартски остров“) — ненаселен остров, кој припаѓа на германската сојузна покраина Мекленбург-Западна Померанија и се наоѓа во Бартскиот Залив (Barther Bodden), помеѓу градот Барт и балтичкото приморско одморалиште Цингст.
Воздушна слика на Бартер Ој | |
Географија | |
---|---|
Координати | 54°24′31″N 12°43′40″E / 54.40861° СГШ; 12.72778° ИГД |
Должина | 0,850 км |
Ширина | 0,800 км |
Највисоко место | 1 м |
Држава | |
Германија | |
Покраина | Мекленбург-Западна Померанија |
Округ | Западна Померанија-Риген |
Демографија | |
Население | 0 |
Островот во Балтичкото Море има површина од околу 850 на 800 метри и се издигнува, како соседниот остров Кир, само еден метар над морето. Денес, островот е природен резерват во Националниот парк Западнопомерански лагуни.