Барово (археолошки наоѓалишта)

  • Барово — осамени наоди од римското време. Од атарот на селото потекнуваат два споменика од кои едниот е вотивен, посветен на Фортуна, а другиот надгробен. Спомениците се исчезнати.
  • Градиштеградиште од доцноантичкото време. На 2 км северно од селото, на највисокиот врв на западниот крај на Водно, на мало карпесто плато со доминантна местоположба и со димензии од 110 × 110 м се гледаат остатоци од одбранбен ѕид граден од камен и варов малтер. По површината се гледаат темели од повеќе градби за живеење и темели од старохристијанска базилика, остатоци од цистерна за вода, а по површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и покривни ќерамиди.
  • Св. Атанасијанекропола од римското време. Во непосредната близина на црквата селаните откриле повеќе надгробни споменици, а еден е вѕидан до портата на дворот од црквата.

Литература

уреди