Барбара Лонги
Барбара Лонги (21 септември 1552 - 23 декември 1638)[1] била италијански сликар. Таа беше многу восхитувана во нејзиниот живот како портретист, иако поголемиот дел од нејзините портрети сега се изгубени или неатрибутирани. Нејзините дела, како многу од сликите на Мадона со дете, ѝ заработиле добар углед како уметник.
Барбара Лонги | |
---|---|
Автопортрет како Света Катерина од Александрија | |
Роден(а) | 21 септември 1552 Равена, Италија |
Починал(а) | 23 декември 1638 Равена, Италија | (возр. 86)
Образование | Лука Лонги |
Познат(а) по | Сликарство |
Меѓу сликите на Лонги кои не ја прикажуваат Мадона е Џудит со главата на Олоферн (околу 1570-1575). Оваа тема исто така беше насликана од други женски уметници, како Феде Галиција, Елизабета Сирани и Артемизија Џентилески.[2] Се смета дека Софонисба Ангисола имала влијае на нејзината кариера.[3]
Голем дел од нејзините дела се непотпишани,[4] не е познато колку слики насликала или колку сè уште се во постоење. Само околу 15 дефинитивно ѝ се припишуваат на неа.[5][6] Од нив, околу 12 се слики на Богородицата со дете,[5] таквите слики биле многу популарни во текот на контра-реформацијата.[4] Се смета дека некои од нејзините дела погрешно се припишуваат на нејзиниот татко.[7]
Лонги е една од малкуте жени уметници споменати во второто издание (1568) на епското дело Животите на најизвонредните сликари, вајари и архитекти од италијанскиот сликар и историчар на уметноста Џорџо Вазари. Вазари пишува дека Лонги "црта многу добро, и таа почна да бои некои работи со добра грација и манер."[8] Но, според Жермен Грир таквите "случајни" селекции на жените уметници, меѓу кои е и Лонги ретко добиваат "сериозни критики за нивните дела".[9] Грир потоа ја понуди сопствената проценка: "Работата на Барбара е значителна, сите мали слики, извонредни поради чистотата на линијата и нежната брилијантност на бојата"[10] и "Барбара Лонги му дава на нејзиното конзервативно сликарство едноставност и интензитет на чувство прилично неприсутно кај нејзиниот маниристички татко и нејзиниот брат дилетант."[11]
Музио Манфреди го оцени талентот на Лонги во 1575 за време на предавање во Болоња:
Треба да знаете дека во Равена денес живее една девојка од осумнаесет години, ќерка на одличниот сликар Месер Лука Лонги. Таа е толку прекрасна во оваа уметност, на која и нејзиниот татко почнува да ѝ се восхитува, особено на нејзините портрети, бидејќи таа одвај погледува во некој кој таа може да го прикаже подобро од било кој друг пред кој истиот позира.[8]
И покрај славата во нејзиниот роден град Равена, Лонги не била добро позната на друго место во текот на нејзиниот живот. Нејзините слики обезбедуваат увид во влијанието на контра-реформација за регионалната уметност.[2]
Наводи
уреди- ↑ „Barbara Longhi“. National Museum of Women in the Arts. 2008. Архивирано од изворникот на 2011-06-25. Посетено на 9 June 2011.
- ↑ 2,0 2,1 Cheney, p. 455.
- ↑ Uglow and Hendry, p. 20.
- ↑ 4,0 4,1 „Barbara Longhi“. Art Fortune. Архивирано од изворникот на 2012-11-01. Посетено на 9 June 2011.
- ↑ 5,0 5,1 Cheney, p. 454.
- ↑ „Italian Women Artists 3“. Life In Italy. Посетено на 9 June 2011.
- ↑ Ceroni, p. 167.
- ↑ 8,0 8,1 Tinagli, p. 12.
- ↑ Greer, p. 2–3.
- ↑ Greer, p. 127.
- ↑ Greer, p. 128.