Елизабета Сирани (8 јануари 1638 година во Болоња, Италија - 28 Август 1665 година, Болоња) била италијански барокен сликар која починала во сè уште необјаснети околности на 27-годишна возраст.[1][2]

Автопортрет (1658).

Кога била 17 години таа веќе била полноправен сликар и гравер и насликала повеќе од 90 дела. До времето кога починала на 27-годишна возраст, таа додала најмалку 80 повеќе на нејзиниот репертоар. Покрај тоа што била независен сликар на возраст од 19, Елизабета исто така ја водела работилницата на нејзиното семејство. Кога нејзиниот татко стана онеспособен, таа била оптоварена со обврската да ги поддржува нејзините родители, нејзините браќа и сестри и самата себеси, целосно преку нејзината уметност. Стресот произлезен од таквите тешки одговорности можеби е и причината за нејзината прерана смрт. Пред да почине, таа создала над 200 слики и цртежи.[3]

Наводи

уреди
  1. Carlo Cesare Malvasia, "Di Gio. Andrea Sirani e di Elisabetta sua figlivola", Felsina pittrice, vité de pittori bolognesi (2 vols, Bologna, 1678), vol. II, pp. 453–467.
  2. Laura M. Ragg, The Women Artists of Bologna (London, 1907), pp. 229–308.
  3. Babette Bohn, "Elisabetta Sirani and drawing practices in early modern Bologna", Master Drawings, vol. 42, no. 3 (Autumn 2004), pp. 207–236.