Феде Галиција (1578 Милано-1630) била италијански ренесансен сликар, пионер на жанрот мртва природа.

Џудит со главата на Олоферн (1596). Се верува дека Џудит е автопортрет.

Уште од млада возраст, Галиција веќе беше успешен портретист создавајќи многу нарачани дела. Таа беше често ангажирана да слика верски, како и световни теми.[1] Неколку од нејзините слики се врз основа на девтероканонската приказна за Џудит и Олоферн, популарна тема во уметноста во овој период, особено кај женските уметници како Артемизија Џентилески, Елизабета Сирани и Барбара Лонги. Стилот на нејзините портрети е добиен од натуралистичките традиции на ренесансата во Италија со остро реален пристап. Една од нејзините потпишани слики на мртва природа направена во 1602 се смета за првата слика на мртва природа од страна на италијански сликар, и го докажува нејзиното влијание во овој нов стил на сликање.[2]

Модерната мртва природа е создадена целосно под нејзино влијание. Во моментов, не е познато за колку многу слики таа е одговорна. Многу дела кои би можеле да бидат нејзини се припишуваат на нејзиниот машки современик Панфило Нуволон, кој беше значително инспириран од Галиција.[2]

Наводи

уреди
  1. Gian Paolo Lomazzo, Idea del tempio della pittura, Milan 1590, p. 163, "dandosi all'imitation de i più eccellenti dell'arte nostra."
  2. 2,0 2,1 Segal 1998.