Бал на вода (филм од 1986)
„Бал на вода“ (српски: Бал на води) – југословенски филм од 1985 година, во режија на Јован Аќин. Главните улоги ги толкуваат: Гала Виденовиќ, Драгомир Бојаниќ Гидра, Милан Штрљиќ, Ѓорѓе Ненадовиќ, Горан Радаковиќ.[1]
Синопсис
уредиДејствието на филмот се одвива во Белград во 1950-тите. Една девојка (ја игра Виденовиќ) и четворица момчиња се неразделни другари: учат во истото одделение, заедно веслаат, имаат оркестар, а нивните семејства, исто така, се познаваат. Четворицата се тајно вљубени во својата другарка, но таа ги смета само за свои пријатели. Сепак, таа ја наоѓа својата љубов — едно момче кое дошло во Белград од провинцијата. Таа забременува, но тоа го крие како од другарите, така и од своето момче во кое во меѓувреме се разочарува. Набргу, умира нејзината мајка, а татко ѝ од завршувањето на Втората светска војна живее во странство. Поради тоа, нејзините другари решаваат да ѝ помогнат...
Наводи
уредиОваа статија филм е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |