Балтички Регион
(Пренасочено од Балтичкиот регион)
Балтичкиот Регион — поим кој се користи да се означат државите и териториите во и околу Балтичкото Море. Најчесто, со овој поим се означуваат Латвија, Литванија, Естонија и делови од Полска, Германија, Данска, Шведска и Русија.
Потекло на поимот
уредиПрвото споменување на Балтичкото Море (Mare Balticum) било во 11 век од германскиот хроничар Адам од Бремен.
Конотација
уредиВо зависност од контекстот каде е употребет терминот „Балтички Регион“, истиот може да се однесува на:
- државите кои имаат излез на Балтичкото Море, односно Данска, Естонија, Латвија, Литванија, Финска, Германија, Полска, Русија и Шведска.
- група држави кои често ги нарекуваат Балтички држави, односно: Естонија, Латвија и Литванија, а понекогаш се додава и руската ексклава Калининград.
- историската Источна Прусија и историските држави Ливонија, Курланд, Шведска Естонија и Руска Естонија.
- поранешната покраина на Руската Империја, која ги заземала териториите на Естонија, Латвија и Литванија.
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Информативен центар за Балтичкото Море Архивирано на 8 февруари 2008 г.
- Универзитетска балтичка програма Архивирано на 10 јуни 2010 г.
- Просторна планска иницијатица на Балтичкиот Регион
- Балтичка програма 2007-2013 Архивирано на 12 април 2021 г.
Оваа статија од областа на географијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |