Балканска (населба)
Балканска или Свињогојство — населба во Штип[1]. Основана е во 1951 година, а до 1970 година немала име, па ја нарекувале Свињогојство, бидејќи на тој простор имало голема свињарска фарма на ЗИК „Црвена ѕвезда“. Првите доселеници во 1951 година се сместиле во објекти на тогашната фарма, која следната година, кога до неа бил изграден текстилниот комбинат „Македонка“, била префрлена на друга локација. Се наоѓа на периферијата на Штип и е опкружена со реката Брегалница, магистралниот пат М-5 или источната магистрала и комплексот на некогашна „Македонка“. Населбата има околу 250 куќи и 1.000 жители, од кои половината се од Егејска Македонија. Токму десетина прогонети семејства во текот на Граѓанската војна во Грција ја основале населбата, од кои некои во своите дворови на куќите имаат изложено сочувани предмети, па и запрежна кола, што некако успеале да ги донесат при напуштањето на родните огништа. Во населбата постои спомен-парк на борците и на жртвите од егзодусот на Македонците од Егејска Македонија и споменик посветен на истите.
ПОврзано
уреди- Црква „Св. Константин и Елена“ — црква во населбата, дел од Горнобалванската парохија;[2]
Наводи
уреди- ↑ „СВИЊОГОЈСТВО ИЗРАСНА ВО БАЛКАНСКА“. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2014-08-09.
- ↑ Поставен камен темелник на новата црква „Св.Константин и Елена“ во Штип[мртва врска]