База на знаења
База на знаења (крат. БЗ, англ. knowledge base, крат. KB или kb[1][2]) е посебен вид на база на податоци наменета за управување со знаења. Оваа база е складиште на информации што овозможува начин на собирање, организирање, споделување, пребарување и примена на информации. Може да биде предвидена да ја чита сметач или човек („машински-читлива“ или „човечки-читлива“).
Бази на знаења за машинско читање
уредиМашински-читливите бази на знаења складираат информации во облик читлив за сметач, обично со цел да се обработува по пат на автоматизирано дедуктивно расудување. Содржат збир податоци во облик на правила што ги опишуваат знаењата на логички доследен (непротивречен) начин. Структурата на складираните податоци ја определува извесна онтологија, каде е утврдено кои типови на единици да се заведуваат и нивниот меѓусебен однос. Почнувајќи од поедноставни информации, таа се гради со помош на логички оператори како И (конјункција), ИЛИ (дисјункција), материјална импликација и негација. Следствено на тоа, расудувањето во врска со знаењата во базата може да се врши со класична дедукција. Некои машински-читливи бази на знаења се користат со вештачка интелигенција, на пр. како дел од експертен систем што се задржува на извесен домен како лекарски рецепти или царински закони и регулативи. Таквите бази на знаења се користат и во семантичката пајажина.
Бази на знаења за човечко читање
уредиЧовечки-читливите бази на знаења се предвидени да им овозможат на луѓето на пронаоѓаат и употребуваат сознанијата што ги содржат. Честопати се користат прирачно во служби за техничка поддршка или за споделување и раздавање на информации помеѓу вработените во една организација. Ваквите бази може да складираат информации за решавање на проблеми, статии, бели книги, прирачници за употреба, метаподаточни ознаки или одговори на често поставувани прашања. За пронаоѓање на информациите во системот, корисниците употребуваат пребарувач или прелистуваат според извесна класификациона шема.
Текстуалниот систем што може да содржи групи документи со хиперврски се нарекува хипертекстуален систем.[3] Хипертекстуалните системи помагаат во постапката на одлучување со тоа што го одменуваат корисникот во паметењето и поврзува нештата." [4] Еден начин на водење на основа на знаења за хипертекстен систем е да се користи вики-програм. Базите можат да постојат едновремено и на сметачи и на мобилни телефони во хипертекстуален формат.[5]
Човечки-читливата база на знаења може да се здружи со машинската преку еднонасочна или двонасочна репликација, или пак некаков посредник во реално време. Потоа програмите можат да применуваат техники од вештачката интелигенција за сметачки-читливиот дел од податоците за да понудат подобри резултати во пребарувањето, за да ја проверат веродостојноста на фактите во разни документи и да овозможат подобри алатки за авторите. Ваков пример е машински-читливата DBpedia, која е извадок од човечки-читливата Википедија.
Категории на информации во базите на знаења
уредиЧовечки-читливите бази на знаења можат да содржат информации од следниве типови:
- често поставувани прашања (ЧПП)
- прирачник
- упатство
- навод
- илустрации како дијаграм на текот и други графички претставувања.
Поврзано
уреди- Управување со знаења
- Управување со содржини
- База на податоци
- Анализа на текст (рударење на текст)
Наводи
уреди- ↑ Argumentation in Artificial Intelligence by Iyad Rahwan, Guillermo R. Simari
- ↑ „DL-семантика за OWL“. Посетено на 10 декември 2010. (англиски)
- ↑ „Шаблон за база на знаења“. Matthewb.id.au. Посетено на 18 мај 2012.
- ↑ Marakas, George. Decision Support Systems in the 21st Century. Prentice Hall, 1999, стр.29
- ↑ Заедничка база на знаења за мобилни и сметачи (англиски)
Надворешни врски
уреди- „Системи за бази на знаења“ Архивирано на 9 март 2010 г. (англиски)
- Пресметковна логика Архивирано на 11 април 2011 г. (англиски)
- Protégé - отворен онтолошки уредник и подлога за база на знаења Архивирано на 11 јуни 2007 г. (англиски)
- Пишување на статии за бази на знаења (англиски)