Бадер (археолошки наоѓалишта)
(Пренасочено од Бадер (археолошки локалитети))
- Дрма — каструм со подградие и некропола од римското и доцноантичкото време (Бадеријана). На 1,5 км од селото и на 1 км источно од Блаце, на висока речна тераса крај реката Пчиња, на површина од 200 × 280 м се среќаваат фрагменти од керамички садови, покривни ќерамиди, мермерни столбови и множество градежен материјал, а се гледаат и темели од објекти. Северно од каструмот лежело подградието, а јужно била античката некропола.
- Китка — некропола од римското време. На 2 км јужно од селото, на левиот брег на Пчиња, помеѓу реката и автопатот се гледаат остатоци од некропола, во голема мера уништена со изградбата на автопатот Скопје -Велес. Се гледаат делови од уништени гробни конструкции кои биле градени од тегули, тули и камени плочи.
- Стар Пат — некропола од доцноантичкото време. На 300 м северозападно од селото се гледаат остатоци од гробни конструкции градени од камени плочи - тип циста. Најверојатно се работи за некропола од античката населба на соседното наоѓалиште Смргец.
Литература
уреди- Археолошка карта на Република Македонија, Том 2, 1996, издание на МАНУ, Скопје, Македонија.