Алјаски маламут

(Пренасочено од Аљаски маламут)

Алјаскиниот маламут е генерално голема, волчjа раса на домашно куче (Canis lupus familiaris) првично одгледувано за да се користи за влечење на санка. Овие кучиња понекогаш ги мешаат со Сибирската Хаска, но всушност се сосема различни во многу нешта. Како миленичиња маламутите имаат многу тивок темперамент, и често се верни на своите сопственици.

Alaskan malamut
A black and white male Alaskan malamute
Други називи Мал, Мели
Прекари Malamut
Потекло Алјаска, САД
Особености
Тежина Мажјак 20 – 27 кг.
Женка 16 – 23 кг.
Висина Мажјак 53-60 см
Женка 51-66 см
Крзно Дебело двојно
Боја Сите бои од бело до црно
куче (Canis lupus familiaris)

Изглед

уреди

Расниот стандард на Америкаскиот Kennel Club (AKC) наложува да варираат во природна големина со посакувани 23 инчи (584мм) и 75 фунти (34 кг) за женските кучиња , и 25 инчи (635 мм) и 85 фунти (34 кг) машките кучиња. Поголеми единки (90 lb (41 кг)) и кучиња помали од 75 фунти (34 кг) често се забележани. Често има забележлива разлика меѓу машките и женските кучиња. Постојат кучиња со поголема тежина од 120 фунти (54 кг), но оваа појава е невообичаена и таквите кучиња најчесто се одгледувани од одгледувачи кои рекламираат џиновски Маламут. Овие големи обеми не се во согласност со прикажаните стандарди. Крзното на северното куче е двојно погусто, малку погрубо (во одредена смисла) во споредба со крзното на помалите Сибирски Хаски. Вообичаените бои се различни нијанси на сиво и бело (темносива со сиви пигменти). Очите им се во облик на бадем и секогаш се со различни нијанси на кафеава боја (од темна во светла, боја на мед или костенлива кафена, сино оките маламути ќе бидат дисквалификувани во структура, бидејќи не се чисто расни маламути, туку измешани можеби со Сибирски Хаски). Физичката градба на маламутот е компактна со тешки коски, во повеќето (но не во сите) случаи. Во овој контекст компактно значи дека нивниот однос висина- должина е малку подолг отколку висок, за разлика од кучињата на Данците кои се подолги и долгманести во нивните односи. Според расните стандарди на АКС, опашката на маламутот е добро обложена со крзно и кучето ја носи преку грбот како разбранувани перја. Случајно се забележани и спирални опашки, но не се во согласност со расните стандарди на АКС (спиралните опашки често се забележани во Акита). Добро обложените опашки на маламутите им помагаат да ја задржат топлината кога се свиткуваат во снегот. Забележано е дека тие често ја завиткуваат опашката околу својот нос и лице, кој веројатно им помага да се заштитат од суровото време како што е виулицата. Нивните уши се генерално исправени.

Темперамент

уреди

Неколку маламути сè уште се користат за влечење на санки за лично патување, влечење на товар, или за помош при движење на тешки објекти, некои сепак се користат за рекреативна потера на санки, како и за влечење на скијачи, влечење на велосипеди, и каникрос. Меѓутоа повеќето маламути денес се чуваат како домашни миленичиња, или како шоу кучиња, или како изведувачки кучиња во влечење на товар, и кучешка подвижност. Маламутот е главно побавен на трки на подолго растојание од помалите и побрзи раси, и нивната работна корисност е ограничена на патување на долги растојанија со многу побавна брзина од онаа која е потребна за тркање. Тие исто така можат да помогнат при движење на тешки предмети на кратки растојанија. Маламутот задржува повеќе од својата оригинална форма и функција од многу други модерни раси. Ако сопственик на куче не може да се справи со куче кое не се покорува на секоја негова команда, треба да бидат селектирани повеќе согласни раси. Ова куче има долга генетска основа за живеење во најсуровата животна средина што може да се замисли, и многу од неговите навики се развиле за да се приспособи за опстанокот меѓу најспособните. Независност, снаодливост и примитивно однесување се вообичаени во расата. Иако интелигентни, се мисли дека тие се едни од најтешките кучиња за обучување. Меѓутоа ако обуката му е интересна на кучето, успехот е на дофат. Постои причина да се верува дека маламутот понекогаш добро се справува со помали животни, вклучувајќи и помали кучиња, меѓутоа ова е тешко да се документира во детали надвор од наблудувањата. Тешко е да се утврди зошто повеќе сопственици го забележаа ова однесување со помали животни, иако некои би можеле да шпекулираат дека ова се должи на уникатното дивергентно потекло на маламутот, во еден момент вкрстување на расите со волци. Поради нивните природни почетоци, маламутот е склон кон тоа да има зголемен нагон за плен, во споредба со некои други раси на кучиња. Така маламутите им се, како општо правило, посебно симпатични на луѓето и можат да се научат да толерираат други домашни миленчиња, треба да се внимава на нив кога се околу помали животни и деца. Маламутите им се доста пријатни на луѓето, одлика што ги прави барано семејство кучиња. Маламутите се подвижни околу мебел и помали предмети, нешто што ги прави идеални куќни кучиња, ако им обезбедите доволно време да поминат надвор за да ги исполнат нивните потреби. Ако во текот на целата година живеат надвор, капење во базен полн со ладна вода во лето им претставува посебно задоволство. Во зима тие обожаваат снег. Поголемиот дел од маламутите, се прилично тивки кучиња, ретко лаат како повеќето раси на кучиња. Кога маламутите испуштаат звуци, најчесто се стремат да зборуваат со вокализација на "woo woo" звук. Од истите причини тие може да завиваат како волци или којоти.

Здравје

уреди

Животен век

уреди

Има само едно здравствено истражување за Алјаскиниот Маламут, истражувањето на Кенел клубот во 2004 година спроведено на 14 кучиња со помала големина. Просечниот животен век од 10,7 години измерен во тоа истражување е многу типично за раса со таа големина. Главна причина за нивната смрт бил ракот (36%).

Морбидитет

уреди

Најчесто пријавени здравствени проблеми во истаржувањето на Кенел Клубот во 2004 година ( засновани на големината на 64 кучиња ) беа мускулно-скелетни (хип дисплазија), и наследно перде. Други здравствени проблеми кои се јавуваат кај маламутите се наследни полиневропатија, хондродисплазија, срцеви мани и проблеми со очите (особено перде и напредна ретинална атрофија)

Климата и Маламутите

уреди

Маламутите успешно се одгледуваат во места како Аризона, нивното густо крзно обично ги прави несоодветни за живеење надвор во топла клима. Кога е многу жешко, како и сите други раси на кучиња,и на маламутите им треба многу вода и сенка. Во зима крзното им се зголемува, а подоцна во пролет паѓа.

Историја

уреди

Маламутот е потомок на кучињата на Инуитското племе Махлемут кое живеело во горниот дел од западна Алјаска. Овие кучиња имале важна улога во животите на нивните придружници- работеле, ловеле и живееле заедно со нив. Во меѓусебниот зависен однос помеѓу Махлемутите и нивните кучиња се негувал просперитет кој им овозможил да преживеат во негостољубивата земја над Северниот Поларник. За краток период за време на златната треска во Клондајк во 1896 година, маламутите и другите кучиња кои влечат санки им станале исклучително вредни на штотуку населените трагачи и доселеници, и често биле вкрстувани со увезени раси. Тоа најчесто бил обид да се подобри видот, или да се подготват неколку вистински маламути за продажба. Ова се чини немало долгогодишен ефект на модерните маламути, и неодамнешна ДНК-анализа покажува дека маламутите се една од најстарите раси на кучиња, генетички различни од другите раси на кучиња. Кучето маламут има истакната историја, му помагало на вицеадмиралот Ричард Берд на Јужниот Пол, и на рударите кои дошле во Алјаска за време на златната треска во 1896 година, како и за време на Втората светска војна каде служеле за потрага и како спасувачки кучиња во Гренланд, исто така биле користени и за превоз на стока. Ова куче никогаш не било предодредено да влече санка на трки, но наместо тоа, било користено за преносување на тежок товар, влечење на стотици (можеби илјадници) фунти залихи до селата и камповите во групи од 4 кучиња за тежок товар Аласкиниот маламут е член на групата кучиња Spitz, кои датираат 2000 до 3000 години пред племето Махлемути на Алјаска. Во форма, палеолитските кучиња најмногу личат на Сибирски Хаски, но по големина, сепак, тие биле малку поголеми, веројатно споредени со големите овчарски кучиња, изјави Гермонпре, палеонтолог на Кралскиот Белгиски Институт за природни науки. Овој опис на неодамна откиените кучешки остатоци (30 000 години стари) многу одговараат на Алјаскиниот Маламут. Иако не е научно потврдено, Алјаскиниот Маламут може да биде најблискиот роднина на Првото куче. Во парламентот на Алјаска бил донесен нацрт-закон кој го именува маламутот како официјално државно куче на Алјаска.[1]

Наводи

уреди
  1. „Sorry, huskies, Malamute now AK's state dog“. Alaska Dispatch. April 10, 2010. Архивирано од изворникот на 2010-04-25. Посетено на 2010-04-20.

Надворешни врски

уреди