Ајдучки времиња
„Ајдучки времиња“ (српскохрватски: Хајдучка времена) — филм на режисерот Владимир Тадеј од 1977 година. Главните улоги ги играат: Борис Дворник, Ружица Сокиќ, Данило Бата Стојковиќ и Славко Симиќ.[1]
Синопсис
уредиВо 1920-тите, во едно мало село на падините на планината Грмеч во Босна, започнува новата учебна година. За децата Баја и Икета, тоа го означува крајот на безгрижното детство исполнето со дедовските приказни за ајдуците и за нивните подвизи. Меѓутоа, првиот училишен ден воопшто не започнува страшно, туку напротив, меѓу Баја и Веја, доселена од Лика, се раѓа симпатија. Денот го расипува детето Јоја, но Баја и Икета ги заштитуваат нивните роднини, седмината браќа Рашета. Уште поголеми проблеми прават жандармите кои им ја одземаат храната и стоката на селаните кои не можат да го платат данокот поради лошата жетва. Тогаш, пристигаат ајдуците кои ги напаѓаат жандармите и запленетата стока им ја враќаат на селаните, а потоа се враќаат во планините при што заедно со нив исчезнуваат и браќата Рашета. На жандармите им пристига засилување, кое започнува потера по ајдуците. Баја и Икета веруваат во приказната на Јоја дека браќаат Рашета станале ајдуци и заминуваат да ги бараат, а ним им се придружува и Веја. Во меѓувреме, во селото доаѓа свирачот Дане, но на крајот се открива дека тој е многу повеќе од обичен човек...