Ајде провикнал се Иљо Малешевски
„Ајде провикнал се Иљо Малешевски“ — македонска народна песна, напишана од непознат автор во преродбениот период или во периодот меѓу двете светски војни. Песната е посветена на Дедо Иљо Малешевски, еден од главните предводници на Македонското востание кое се раширило низ североисточниот дел на Македонија во 1878-1879 година од страна на македонскиот народ. Песната исто така говори за тоа како Иљо Малешевски ги повикува Македонците за да ги снабди со оружје, за да се борат против османлиската власт, и да дојде до ослободување на Македонија. Песната има ајдутски карактер.
„Ајде провикнал се Иљо Малешевски“ | |
---|---|
Песна | |
Јазик | македонски |
Напишана | 18?? или 19?? |
Објавена | ? |
Жанр | македонска народна музика |
Должина | 4:06 (Ванчо Тарабунов) 03:07 (Пирински гриваци) 02:28 (Љупчо Доцевски) |
Композитор(и) | непознат, со разни современи аранжмани |
Одлики
уредиПесната е во изворен 7/8 такт.[1]
Текст
уредиАјде провикнал се
Иљо Малешевски,
Иљо Малешевски
Иљо војводата.
Кој си нема пушка
тука нека дојде,
тука нека дојде
пушка да му дадам.
Кој си нема сабја
тука нека дојде,
тука нека дојде
сабја да му дадам.
Малешево да иде
с' душман да се бие,
с' душман да се бие
душман да истера.
Душман да истера
од нашата земја,
од нашата земја
од Македонија.
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди- Ајде провикнал се Иљо Малешевски (текст и музика) на pesna.org Архивирано на 11 октомври 2020 г.