Ацтечка граматика

Ацтечката граматика, или наватлска граматика, ги опфаќа морфолошките, фонолошките, правописните и синтаксните правила според кои функционира јазикот. Наватлскиот јазик е аглутинативен и полисинтетичен јазик.

Фонологија

уреди

Наватлскиот јазик и неговите дијалекти подлегнале на поголем број заеднички јазични промени од праутоацтечкиот јазик. Во следната табела е наведен гласовниот систем на класичниот наватлски јазик, како пример за тоа како изгледа типичен наватлски гласовен систем. Кај некои дијалекти, гласот /t͡ɬ/ кој многу чест во класичниот наватлски јазик, се променил или во /t/, како на пример во превлачко-мекајпанскиот наватлски дијалект и пипилскиот јазик, или во /l/ како што е на пример во наватлскиот од Помаро.[1] Во голем број дијалекти денес не постои разлика меѓу долги и кратки самогласки. Во некои дијалекти може да се сретне воведување на сосема нови гласови наместо овие, како на пример во тетелконгоанско-наватлскиот дијалект. Други дијалекти, пак, развиле тонски акцент, како што се дијалектите од Оапан.[2] Во современите дијалекти може да се забележат позајмени шпански гласови, како што се /b, d, ɡ, f/. Кај повеќето наватлски дијалекти акцентот паѓа на претпоследниот слог од зборот.[3]

Согласки
уснени венечни преднонепчени заднонепчени грлени
централни странични рамни уснени
носни m n
експлозивни p t k ʔ
слеани ts
продолжени s l ʃ (h)*
полусамогласки j w

Самогласки
предни средни задни
долги кратки долги кратки долги кратки
затворени i o
средни e
отворени a

* Грлениот глас се појавува само по самогласки. Во голем број современи дијалекти се појавува како „х“, а во класичниот и во некои дијалекти како [ʔ].

Морфологија

уреди

Наватлскиот јазик е аглутинативен и полисинтетички јазик. Така, јазикот користи голем број зборовни иведувања, деривации и икорпорации. Тоа значи, дека во јазикот може да се додадат различни претставки и наставки на коренот на зборот сè додека не се добие долг збор, а понекогаш еден долг збор може да искаже една цела реченица.

Следниов глаголски пример покажува како се изкажува лице, целен објект (пациенс), предмет и идиректен предмет:

/ni-mits-teː-tla-makiː-ltiː-s/
јас-ти-некој-нешто-дава-резултативно-идно
"Јас ќе направам некого да ти даде нешто тебе"[cn 1] (класичен наватлски)

Именки

уреди

Именките во ацтечкиот јазик се релативно сложени. Единствените задолжителни менувања на именките се по број и присвојност. Наватлскиот јазик нема падежи ниту род, но класичниот наватлски и некои дијалекти разликуваат меѓу живи и неживи именки. Живоста на именките во класичниот наватлски јазик се манифестирала кај множината, бидејќи само живите именки имале множина, а неживите именки биле небројливи т.е. имале само еднина. Во најголем број современи дијалекти нема ваква разлика меѓу живи и неживи именки и сите именки имаат множина.

Во најголем број наватлски дијалекти, именките во неприсвојна форма во еднина ја имаат наставката за апсолутив. Најчестите форми на апсолутивот во наватлскиот се -tl по самогласки, -tli по согласки освен l, и -li по l. Именките кои имаат множина се формираат со употреба на една од наставките за апсолутивна множина (-tin или -meh), иако има некои неправилни множински форми или пак има појава на редупликација (удвојување).

Еднина:

/kojo-tl/
којот-апсолутив
"којот" (класичен наватлски)

Множина на жива именка:

/kojo-meh/
којот-множина
"којоти" (класичен наватлски)

Жива именка во множина со удвојување:

/ko:-kojo-h/
УДВ.којот-МН.
"којоти" (класичен наватлски)

Наватлскиот јазик разликува две форми на присвојност кај именките: присвојна и неприсвојна форма. Апсолутивната наставка не се користи за присвојната форма. Во сите дијалекти, присвојните именки имаат претставка за да се согласи со бројот и лицето на тој што поседува. Присвојните именки во множина имаат наставка -wa:n.

Апсолутивна именка:

/kal-li/
куќа-АПС:
"куќа" (класичен наватлски)

Присвојна именка:

/no-kal/
моја-куќа
"моја куќа" (класичен наватлски)

Присвојна именка во множина:

/no-kal-wa:n/
моја-куќа-МН.
"моите куќи" (класичен наватлски)

Наватлскиот нема падежи, но користи посебни морфеми наречени односни именки за да означат просторни и други односи. Овие морфеми не можат да се појават сами, но мора да се појават по именка или присвојна наставка.Тие често се наречени и како постпозиции[4] или локативна наставка.[5] На некој начин овие конструкции потсетуваат на локативот. Во голем број дијалект, од шпанскиот јазик се презеле предлози од шпанскиот, па така делумно или целосно биле заменети односните зборови.[6]

Употреба на односната именка -pan со присвојна претставка:

no-pan
мое-во/на
"во/на мене" (класичен наватлски)
iː-pan
негово-во/на
"во/на него" (класичен наватлски)
iː-pan kal-li
негова-во куќа-АПС.
"во куќата" (класичен наватлски)

Употреба со претходен именки корен:

kal-pan
куќа-во
"во куќата" (класичен наватлски)

Сложените именки најчесто се создаваат со спојување на два или повеќе именки корени или со комбинација на именка со придавка или глагол.

Заменки

уреди

Во наватлскиот јазик има три лица, и во еднина и во множина. Во барем еден дијалект, мекајапанскиот, има и разлика меѓу вклучителни (јас/ ние и вие) и исклучителни (ние, но не и вие) форми за први лице множина:[7]

прво лице множина во класичниот наватлски:

tehwaːntin „ние“

Прво лице множина во мекајапанскиот дијалект:

nejamēn ([nehameːn]) „Ние но не и вие“
tejamēn ([tehameːn]) „Ние со вас“[8]

Почеста е употребата на почесни форми (учтиви):

Непочесни форми:

tehwaːtl „ти“
amehwaːntin „Вие“
yehwatl „тој/таа/тоа“

Почесни форми

tehwaːtzin „почесна форма за ти“
amehwaːntzitzin „почесна форма за Вие“
yehwaːtzin „почесна форма за тој и таа“

Глаголи

уреди

Наватлските глаголи се сложени и се менуваат за да искажат различни граматички категории. Глаголот во наватлскиот е составен од корен, претставки и наставки. Претставките го означуваат лицето во подметот и лицето и бројот на директниот и индиректниот предмет, додека пак наставкаите ги означуваат времето, видот и начинот.

Најголемиот број наватлски дијалекти разликуваат три времиња: сегашност, минатост и идност. Покрај тоа тие разликуваат и два аспекта: перфектен и имперфектен. Некои дијалекти имаат и продолжен аспект (прогресив). Сите дијалекти барем разликуваат индикативен (исказен) и императивен начин (заповеден).

Повеќето наватлски дијалекти имаат различен број начини да ја искажат валентноста на глаголите. Класичниот наватлски имаат пасивен залог, но ова не е присутно кај повеќето современи дијалекти. Сепак, апликативниот и причинскиот залог можат да се сретнат кај современите дијалекти.[9] Повеќето наватлски дијалекти исто така имаат создавање на сложени глаголски форми со спојување на два или повеќе глаголски корени. Следната глаголска форма има два глаголски корени и има причински залог, директен и индиректен предмет:

ni-kin-tla-kwa-ltiː-s-neki
јас-ним-нешто-јаде-причинско-идност-want
„Јас сакам да ги нахранам ним“. (класичен наватлски)

Кај некои наватлски дијалекти, особено класичниот наватлски, може да се менува глаголот да се искаже дирекција (правец) на глаголското дејство, односно дали оди кон или од говорникот. Некои дијалекти имаат специфични категории кои искажуваат причина и правец и таквите сложени конструкции се од типот: „да одиш за да“ или „да дојдеш за да“, „оди, прати и врати се“, „прави додека одиш“, „прави додека доаѓаш“, „прави по доаѓање“. Класичниот наватлски и многу современи наватлски дијалекти имаат граматизиран начин да искажат учтивост спрема соговорникот или кон лицата и предметите кои се споменати, со користење на специјални глаголски форми.[10]

Познати глаголски форми:

ti-mo-tlaːlo-a
ти-себеси-трча-сегашност
"ти трчаш" (класичен наватлски)

Почесни глаголски форми:

ti-mo-tlaːlo-tsino-a
ти-себеси-трча-почесно-сешаност
"Ти трчаш" (кажано со почит кон соговорникот) (класичен наватлски)

Синтакса

уреди

Некои јазичари сметаат дека наватлскиот јазик има својства на неконфигурациски јазик, што значи дека зборовниот редослед на наватлскиот е слободен.[11][12] Во наватлскиот можни се сите подредувања на зборовите од трито основни редоследи. Во наватлскиот јазик можно е испуштање на сите именки фрази или независни заменки, не само на именки фрази или заменки чии функции се подмет на реченицата. Во најголем број дијалекти, независните заменки се користат за нагласување.

Според Мајкл Лони, во класичниот наватлски јазик на прво место во реченицата се наоѓал глаголот со поголема слобода при варирање, која се користела за прагматички функции како што се фокусот или темата.[13] Истото било тврдено и од други посовремени јазичари.[12]

newal no-nobia
Јас моја-вереница
"Моја вереница (и ничија друга) (мичоакански наватлски)[14]

Исто така се тврди дека во класичниот наватлски јазик секоја именка или глагол во јазикот е всушност целосна предвидлива реченица.[15] Меѓу јазичарите интересни се следиве факти за синтаксните особини на јазикот: зошто именките мора да ги имаат истите претставки за согласност како и глаголите, и зошто предикатите (глаголските фрази) не мора да имаат именски фрази за да функционираат како нивни аргументи. На пример, глаголската форма tzahtzi значи „тој/ таа/ тоа вика“, а со претставката за второ лице titzahtzi значи „ти викаш“. Именките се менуваат на ист начин: именката "konētl" значи не само „дете“, но и „тоа е дете“ и tikonētl значи „ти си дете“.

Наводи

уреди
  1. Sischo 1979:passim
  2. Amith 1989:page#
  3. Canger 2001:29
  4. Hill & Hill 1986 re Malinche Nahuatl
  5. Launey 1992, Chapter 13 re classical Nahuatl
  6. Suárez 1977:page#
  7. Wolgemuth 2002
  8. Wolgemuth 2002:35
  9. Suárez 1983:81
  10. Suárez 1977:61
  11. Baker 1996 passim.
  12. 12,0 12,1 Pharao Hansen 2010
  13. Launey 1992:36–37
  14. Sischo 1979:314
  15. Andrews 2003; Launey 1994

Белешки

уреди
  1. Сите примери се преземени од Суарез (1983:61–63), освен ако не е наведено. Глосите се стандардизирани.

Поврзано

уреди