Ацо Петровиќ (кошарка)
Александар „Ацо“ Петровиќ (14 октомври 1959 – 1 декември 2014) бил српски кошаркарски тренер.
Кариера
уредиПетровиќ својата тренерска кариера ја започна во Раднички Белград, каде помина четири години. Потоа, тој беше помошник тренер на Црвена звезда и го освои првенството на Југославија 1997–98.[1] Тој исто така ги водеше ФМП Железник [2] и Хемофарм Вршац од домашните клубови.
Првиот странски ангажман беше во Русија во тимот на Локомотив Ростов, а со нив дојде до финалето во 2005 година на FIBA Europe Conference North . Исто така, Петровиќ водел повеќе од странските клубови УНИКС,[3] Жалгирис [4] и Азовмаш .[5]
Репрезентација
уредиПетровиќ беше помошник тренер на Светислав Пешиќ во репрезентацијата на Југославија, со кого го освои златото на ЕП 2001 во Турција и една година подоцна на Светското првенство во Индијанаполис. Има и сребрен медал од ЕП 2009 во Полска кога беше во стручниот штаб на Душан Ивковиќ.
Болест и смрт
уредиЗа време на неговата работа во клубот УНИКС била откриена болеста амиотрофична латерална склероза, а потоа Петовиќ престанал да тренира. Последниот натпревар на УНИКС предводен од него беше против неговиот поранешен клуб Црвена звезда во Еврокупот 2012–13. Починал на 1 декември 2014 година на 55-годишна возраст.[6]
Наводи
уреди- ↑ Ацо Петровић тренер Звезде
- ↑ ФМП сменио тренера, Ацо Петровић уместо Ђокића[мртва врска][мртва врска]
- ↑ Петрович возглавил УНИКС
- ↑ Žalgiris hires Aco Petrovic as head coach
- ↑ Coach Aco Petrovic leaves Azovmash Mariupol
- ↑ „Basketball coach Aleksandar 'Aco' Petrovic dies“. InSerbia. December 3, 2014. Посетено на December 3, 2014.