Ацо Богдановски - Конга

(Пренасочено од Ацо Богдановски)

Ацо Богдановски - Конга (Скопје, 1960 - Скопје, 23 декември 2013) — македонски музичар, најпознат како член на групата Нокаут. Негова страст биле конгите, по што го добил и својот прекар.

Ацо Богдановски - Конга
Роден 1960
Скопје, СФРЈ, денес Македонија Македонија
Починал 23 декември 2013
Скопје
Занимање музичар

Животопис

уреди

Конга е роден во 1960 година во Скопје. Првата група во која членувал Конга е „Макакус“ (1979) кога почнал да удира на конги. Во периодот од пет години се направиле многу песни, а за последната „Обоена светлина“ тој напишал и текстот. Потоа неговиот музички правец е насочен на бендот „Нокаут“ формиран 1997 година, на два албуми: „Нокаут“ (1997) со продуцентот Дарко Димитров, и „До последен здив“ (2001) со продуцентите Анте Пецотиќ и Кристина Ковач, каде што се наоѓаат големите хитови „АБЦ“, „Фатална опсесија“, „Временска машина“, „Би се викал те сакам“, „Телефонскиот број не постои“, „Илјада причини за крај“, „Мене ми припаѓаш“. Во 2013 години Конга добил карцином на коските и му била ампутирана раката. Неговите колеги одржувеле концерти и настани преку кои собирале пари за негово понатамошно лекување. Но тој не успева во таа битка и на 23 декември 2013 починал во Скопје.[1] Бил женет и татко на две деца.

Наводи

уреди