Аферентен нервен пат

Аферентниот нервен пат го пренесува нервниот импулс од рецепторите, преку сензитивните нерви до задниот корен од сивата маса на ‘рбетниот мозок, од каде преку продолжениот мозок и мостот на Вароли се пренесува во средниот, малиот мозок и во ретикуларната формација на меѓумозокот. Од тука, аферентниот нервен пат продолжува во кората на големиот мозок до примарните нервни центри.