Стандардна атмосфера (симбол: атм или atm) е меѓународна прирачна величина еднаква на 101 325 Pa и поранешна единица за притисок.[1] Од практични причини оваа единица е заменета со барот, кој изнесува 105 Pa.[1] Разликата помеѓу овие две единици е околу 1%, и како таква е занемарлива во многу полиња на примена и највеќето манометри.

Единици за притисок и еквиваленти

уреди
Единици за притисок
паскал бар техничка атмосфера стандардна
атмосфера
Милиметар на
живиниот столб
(тор)
фунта на
квадратен инч
Pa bar at atm torr psi
1 Pa ≡ 1 N/m2 10−5 1,0197×10−5 9,8692×10−6 7,5006×10−3 145,04×10−6
1 bar 105 ≡ 106 dyn/cm2 1,0197 0,98692 750,06 14,5037744
1 at 0,980665 ×105 0,980665 ≡ 1 kp/cm2 0,96784 735,56 14,223
1 atm 1,01325 ×105 1,01325 1,0332 p0 760 14,696
1 torr 133,322 1,3332×10−3 1,3595×10−3 1,3158×10−3 = 1 mmHg 19,337×10−3
1 psi 6,895×103 68,948×10−3 70,307×10−3 68,046×10−3 51,715 ≡ 1 lbF/in2


Притисок од 1 atm може да се изрази и како:

≡1,013 25 бара
≡ 1013,25 хектопаскали (hPa)
≡ 1013,25 милибара (mbar, mb)
≡ 760 тора
≈ 760,001 mm-Hg, 0 °C
≈ 29,9213 in-Hg, 0 °C
≈ 1,033 227 452 799 886 kp/cm²
≈ 1,033 227 452 799 886 техничка атмосфера
≈ 1033,227 452 799 886 cm–H2O, 4 °C [A]
≈ 406,782 461 732 2385 in–H2O, 4 °C [A]
≈ 14,695 948 775 5134 фунти на квадратен инч (psi)
≈ 2116,216 623 673 94 фунти на квадратна стапка (psf)

Други примени

уреди

Во нуркањето, поимот „атмосфера“ (атм) се користи за притисокот релативен на средниот атмосферски притисок на морското ниво (1,013 бара). На пример, делумниот притисок на кислородот обично се баждари со воздух на морското ниво, па затоа се изразува во атм.

Старата европска единица техничка атмосфера (at) е приближно еднаква на маноматарскиот (мерилен) притисок под 10 м вода; 1 at = 98066,5 Pa.


Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Британски стандард BS 350:2004 „Фактори на претворање на единиците“