Атинската школа (слика)
слика од Рафаело Санти
Атинската школа (италијански: Scuola di Atene) — фреска од италијанскиот ренесансен сликар Рафаело. Сликата била изработена помеѓу 1509 и 1511 како дел од проектот на Рафаело за украсување на собите што денес се познати како „Соби на Рафаел“, во Апостолскиот дворец во Ватикан.
Творец | Рафаело |
---|---|
Година | 1509–1511 |
Вид | фреска |
Димензии | 500 см × 770 см |
Место | Апостолски дворец, Ватикан |