Атанас Калфов — македонски револуционер, деец на Македонската револуционерна организација.

Атанас Калфов
Роден 6 јануари 1875
Лозенград
Починал непознато
непознато

Животопис

уреди

Роден е во 1875 година во Лозенград, тогаш во Османлиското Царство, денес Кркларели, Турција. Во 1892 година завршува во Солунската машка гимназија, каде што е школски другар со Лазар Маџаров и Гоце Делчев. Работи како учител и истовремено се занимава со револуционерна дејност. Предава во родниот Лозенград од 1892 до 1896 година, а потоа и во Мало Трново до 1903 година. Во Мало Трново од 1897 до 1902 година е претседател на околискиот револуционерен комитет.

Во пролетта 1903 година е принуден да емигрира во Кнежевството Бугарија и од мај до избувнувањето на Илинденското востание на 20 јули е пунктовен началник во Јасна Полјана.

По востанието повторно учителството во Лозенград. Во март 1908 година е уапсен и лежи во Одринскиот затвор, но наскоро е ослободен [1].

Извори

уреди
  1. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 70.