Аскалдес
Аскалдес — градско подрачје во жупата Аскалдес-Ангурдањ во Андора. Се наоѓа во близина на главниот град на државата, Андора ла Веља.
Аскалдес Les Escaldes | |
---|---|
Авингуда Карлемани во Аскалдес | |
Местоположба во Андора | |
Координати: 42°30′N 1°32′E / 42.500° СГШ; 1.533° ИГД | |
Држава | Андора |
Жупи | Аскалдес-Ангурдањ |
Надм. вис. | 1.053 м |
Преглед
уредиИмето Аскалдес (Les Escaldes) доаѓа од присуството на бројни топли извори, кои произведуваат високо сулфурни и азотни води со температури помеѓу 22 и 66 степени Целзиусови. Топлите извори им биле познати уште на Римјаните кои ги користеле во медицински цели.[1]
Постоела текстилна индустрија од средниот век, која произведувала ткаенини и чадори во неколку еснафи. Областа е позната и по традиционалниот танц Санта Ана.[1]
Во 1800-тите, имало предлог да се основаат бањи за да се искористат природните топли извори, но имало отпор од управата на Ескалдес, веројатно поради страв дека посетителите на топлите извори ќе донесат болести во Андора.[2]
Денес во Аскалдес постои бањското одморалиштето Калдеа.
Образование
уредиШпанското меѓународно основно училиште Escuela Española de Escaldes и служи на заедницата.[3]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Les Escaldes Архивирано на 3 март 2012 г., Enciclopèdia Catalana. (на каталонски)
- ↑ Dalmau de Baquer, D. Luis (1849). Historia de la República de Andorra (Spanish). Barcelona. стр. 52.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
- ↑ "Inicio Архивирано на 16 август 2015 г.." Escuela Española de Escaldes. Retrieved on 2 May 2015. "FITER I ROSSELL, 18 AD700 – ESCALDES-ENGORDANY" – Map[мртва врска][мртва врска]