Асенова тврдина
Асенова тврдина (бугарски:Асенова крепост)) е тврдина која се наоѓа на планината Родопи, на само 2 километри од Асеновград, во Бугарија. Тврдината е наречена според царот Иван Асен II. Првите писмени извори за тврдината датираат од 11 век. во време на Четвртата крстоносна војна, тврдината била заземена од страна на крстоносците. Истата била разрушена кога Бугарија паднала под власта на Османлиите.
Асенова тврдина Асенова крепост | |
---|---|
Општи податоци | |
Град | Асеновград |
Земја | Бугарија |