Архивските фондови се органска целина на архивски материјал кој се создал во работата на правното лице, или лица кои имаат својство на самостоен правен субјект (фонд).

Архивски фонд претставува целина на архивскиот и документарен материјал, без оглед на нивниот облик или носач на записите, или кој ги создал, примил и користел, архивскиот фонд се чува како целина и не може да се дели. Создавачот на архивскиот фонд може да биде институција во најширока смисла на зборот, некоја друштвена организација но и приватна личност.

Постојат повеќе критериуми за формирање на архивски фонд :

  • Да е донесен правен акт или акт со правна сила (законска или подзаконска) за формирање на фондообразователот
  • Создавачот на архивскиот материјал да има својство на правно лице или својство на самостоен правен субјект
  • Создавачот да делува во услови на еден општествено-политички систем и едно државно-правно уредување
  • Да немало побитни промени во статусот и делокругот на работа кај создавачот на материјалот
  • Кај создавачот на архивскиот материјал да немало покрупни промени во организационата и територијалната надлежност
  • Материјалот да биде создаден во рамките на самостојното регистратурско работење

Како што се критериумите така има и принципи за формирање на архивски фонд, и тоа :

  • Архивскиот материјал да претставува една органска целина
  • Материјалот да претставува одраз на работењето на создавачот, т.е. да ги одразува неговите основни функции за кои е формиран
  • Архивскиот материјал да биде целосен, т.е. комплетен
  • Да има континиутет во работењето на фондообразователот

Критериуми за одредување назив на фондот – збирката

  1. Најчесто се користи последниот назив под кој делувал фондообразователот
  2. Како назив може да се земе и најпознатиот назив на фондообразователот во научната, стручната и јавната употреба
  3. Седиштето на фондообразователот во рамките на името на фондот може да биде вклопен само во случаи кога името на седиштето е составен дел на називот
  4. Во називот на фондот-зборката се вклопува и делот на називот на фондообразователот кој укажува на одредени органи или пошироки административно-политички единици
  5. Називот на фондот од туѓа провиниенција се испишува во превод на македонски јазик, а во заграда се додава оригиналниот назив
  6. Личните фондови го носат името и презимето на личноста
  7. Семејните фондови според презимето или припадноста на семејната лоза
  8. Збирките се насловуваат според типот на материјалот, темата според која е формирана, име или назив на првобитниот имател


Поврзано

уреди

Наводи

уреди