Депозит (архив)
Депозит е предавање на архивски материјал од имателот на времено чување.
Депозит претставува предавање на архивскиот материјал од имателот на надлежниот архив на времено чување, при што во Договорот за депонирање точно се наведува времето на чување, по што имателот може архивскиот материјал да го земе назад или да му го предаде на архивот во една од предвидените форми, потоа условите на чување, ориентациона или точна содржина на материјалот и др. Депзитниот архивски материјал се заведува во засебна книга и нема статус на фонд/збирка и во принцип не се обработува и не се издава за користење.