Археопотамус
Археопотамус е исчезнат род на Hippopotamidae кој живеел пред 7,5 до 2,58 милиони години во Африка и на Средниот Исток. Родот бил опишан во 2005 година за да ги опфати видовите нилски коњи кои претходно беа групирани во Хексапротодон.
Археопотамус значи „стариот на реката“. Од сите идентификувани нилски коњи, само Кенијапотамус е постар. Кенијапотамусот, сепак, е познат само од делумни фосили; Археопотамусот пак е најстариот добро идентификуван нилски коњ.[1]
Одлики
уредиМногу праисториски фосили од нилски коњ првично се познати преку фосилите на долната вилица. Археопотамусот, како Хексапротодон, има три пара секачи. За разлика од другите Хексапротодони, Археопотамусот има многу издолжена мандибуларна симфиза. Неформалното име „тесни нилски коњи со муцка“ било предложено за овој род.
A. lothagamensis
уредиA. lothagamensis е вид чии фосили се откриени во 2000 година во Лотагам, кој се наоѓа југозападно од Турканското езеро во Кенија. Кога првпат бил опишан, видот бил класифициран како Hexaprotodon lothagamensis, иако биле забележани значајните морфолошки разлики помеѓу другите видови на Hexaprotodon.
A. lothagamensis бил помал од модерниот нилски коњ, а исто така помал и со потенок скелет од A. harvardi. Меѓутоа, тој сепак бил значително поголем од модерниот пигмејски нилски коњ.
A. harvardi
уредиA. harvardi е вид на нилски коњ кој првпат бил опишан во 1977 година, првично како Hexaprotodon harvardi.[2] Иако пропорциите на A.harvardi и A.lothagamensis се слични, првиот вид е значително помал. Бутните коски на A. harvardi се приближно со иста големина како оние на модерниот нилски коњ.
Друга група на фосили, првично опишани како Hexaprotodon sahabiensis или Абу Даби Нилски коњ, сега се смета дека припаѓаат на A. harvardi или A. lothagamensis. Фосилните записи за A. harvardi се поопширни отколку за другите Археопотами.[1][3]
Се верува дека A. Harvardi имал покрајбрежен начин на живот од A. lothagamensis.
Распространетост
уредиФосилите на Археопотамус се откопани во близина на Турканското езеро, Кенија; во близина на езерото Викторија во Кенија и во Абу Даби така што веројатно се движеле низ Источна Африка и Арапскиот Полуостров.
Еволуција
уредиНепосредниот предок на Археопотамус е непознат. Дали Археопотамус потекнува од Кенијапотамус не може да се утврди од достапниte фосили. Иако Archaeopotamus е попримитивен од кој било член на родот Hippopotamus, тој најверојатно е сестринска група на нилски коњи и Hexaprotodon.
Фосилите слични на Археопотамус датираат уште пред околу 2 милиони години, крајот на епохата на плиоценот. Овие фосили се значително различни од оние на Хипопотамус и Хексапротодон.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Boisserie, Jean-Renaud (2005). "The phylogeny and taxonomy of Hippopotamidae (Mammalia: Artiodactyla): a review based on morphology and cladistic analysis". Zoological Journal of the Linnean Society. 143: 1–26. doi:10.1111/j.1096-3642.2004.00138.x.
- ↑ Coryndon, S. C. (1977). „The Taxonomy and Nomenclature of the Hippopotamidae (Mammalia, Artiodactyla) and a Description of Two New Fossil Species“. Proceedings of the Koninklijke Nederlandse Akademie van Wetenschappen. Series B, Palaeontology, geology, physics, and chemistry. 80 (2): 72–88. ISSN 0023-3366.
- ↑ Weston, E.M. (March 2000). „A New Species of Hippopotamus Hexaprotodon Lothagamensis (Mammalia: Hippopotamidae) From the Late Miocene of Kenya“. Journal of Vertebrate Paleontology. 20 (1): 177–185. doi:10.1671/0272-4634(2000)020[0177:ANSOHH]2.0.CO;2. ISSN 0272-4634.