Арта Велика
Арта Велика (исто така Арта Вела) е ненаселен остров во Хрватска, во средишна Далмација, дел од Шибенскиот Архипелаг, крај брегот на градот Шибеник. Лежи 2,5 км северозападно од островот Муртер и населбата најблизу до островот е Пакоштане, 5 километри далеку на главното копно. Површината на островот е 1,27 км2, а крајбрежјето е долго 5,53 километр.[1] Највисоката точка на островот е Велика Глава која е висока 95 метри.
Географија | |
---|---|
Место | Јадранско Море |
Координати | 43°51′28″N 15°32′30″E / 43.85778° СГШ; 15.54167° ИГД |
Архипелаг | Шибенски Архипелаг |
Површина | 1,27 км2 |
Брегова линија | 5,53 км |
Највисоко место | 95 м |
Највисока точка | Вела Глава |
Држава | |
Хрватска | |
Жупанија | Шибеник-Книн |
Наводи
уреди- ↑ Duplančić Leder, Tea; Ujević, Tin; Čala, Mendi (јуни 2004). „Coastline lengths and areas of islands in the Croatian part of the Adriatic Sea determined from the topographic maps at the scale of 1 : 25 000“ (PDF). Geoadria. Задар. 9 (1): 5–32. doi:10.15291/geoadria.127. Посетено на 18 јули 2020.