Арсабер (грчки: Ἀρσαβήρ) бил византиски благородник кој имал неуспешен обид да го зазеде византискиот царски престол во 808 година.

Арсабер
Ἀρσαβήρ
Националност Византиски ерменец
Познат узурпатор на
византискиот престол
Занимање патрициј
Деца Теодосија

Живот

уреди

Арсабер бил благородник од ерменско потекло, кој имал ранг на патрициј, и служел како квестор на царот Никифор I (802-811). Во февруари 808, група на секуларни и црковни власти, поради незадоволни од владеењето Никифор, започнале заговор за негово симнување од власт и го номинирале Арсабер како кандидат за престолот односно узурпатор.[1][2][3]. Но Никифор го открил заговорот и учесниците виле уапсени, тепани, а нивните имоти конфискувани, за да на крајот бидат прогонети. Арсабер бил протеран во манастир во Витинија.

Неговата ќерка Теодосија била во брак со император Лав V Ерменец.[1][2].

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Kazhdan 1991, стр. 186.
  2. 2,0 2,1 Winkelmann и др. 1999, стр. 193.
  3. Brubaker & Haldon 2011, стр. 361.

Литература

уреди
  • Brubaker, Leslie; Haldon, John (2011). Byzantium in the Iconoclast Era c. 680-850: A History. Cambridge, United Kingdom: Cambridge University Press. ISBN 978-0-521-43093-7.
  • Kazhdan, Alexander Petrovich, уред. (1991). The Oxford Dictionary of Byzantium. New York, New York and Oxford, United Kingdom: Oxford University Press. ISBN 978-0-19-504652-6.
  • Winkelmann, Friedhelm; Lilie, Ralph-Johannes; Ludwig, Claudia; Pratsch, Thomas; Rochow, Ilse (1999). „Arsaber (#600)“. Prosopographie der mittelbyzantinischen Zeit: I. Abteilung (641–867), 1. Band: Aaron (#1) – Georgios (#2182) (германски). Berlin, Germany and New York, New York: Walter de Gruyter. стр. 193. ISBN 978-3-11-015179-4.