42°41′22″N 23°20′13″E / 42.689549° СГШ; 23.336881° ИГД / 42.689549; 23.336881

Аријана
Ариана  (бугарски)
Location of Lake Ariana in Bulgaria<div style="position: absolute; z-index: 2; top: Грешка во изразот: Недостасува операнд за *%; left: -325%; height: 0; width: 0; margin: 0; padding: 0;">
Location of Lake Ariana in Bulgaria
Аријана
ПодрачјеБорисова градина, Софија
Координати42°41′21.52″N 23°20′11.77″E / 42.6893111° СГШ; 23.3366028° ИГД / 42.6893111; 23.3366028
ВидВештачко езеро
Сливни земјиБугарија

Аријана (бугарски: Ариана) ― вештачко езеро со средна големина во Борисовата градина во Софија, Бугарија. Тоа е во облик на буквата В, 175 м долго и 75 м широко, со мал остров кај неговата најтесна точка. Сместено е во најсеверниот агол на паркот, во средиштето на градот, помеѓу Орловиот мост и националниот стадион.

Езерото било изградено кон крајот на 19 век и оттогаш е средиште за лежерни прошетки на Софијците. Педалинките и чамците за веслање биле особеност, а во зима често се знаело дека се замрзнува и луѓето лизгале на мразот на неговата површина.[1]

Во средината на 20 век, на островот било изградено казино. Во раните 1990-ти, општинската власт престанала да се грижи за езерото, кое пресушило и остана празно и некористено речиси две децении. Во 2007 година, езерото и неговата околина била обновена и повторно почнало да биде место за одмор.

Езерото го дели своето име со пиварницата која се наоѓала на неколку стотини метри северно додека не била урната во 2004 година.

Наводи

уреди
  1. Sofianites skating on Lake Ariana (gallery), (the Ariana Brewery is steaming in the background), Stara Sofia. Посетено на 29 јануари 2022.