Арион (грчки: Ἀρίων) — старогрчки поет од 7 век п.н.е. Тој живеел кај тиранинот Перијандер во Коринт. Според историчарот Херодот, додека се враќал од Италија, Арион го грабнале пирати кои го ограбиле и сакале да го убијат. Пред да умре, тој ги замолил да им отсвири нешто, но тогаш скокнал во морето каде го дочекал еден делфин и на својот грб го однел на островот Тенара.[1]

Арион на морски коњ, од Вилијам-Адолф Бугеро (1855)
Арион на морски коњ, од Вилијам-Адолф Бугеро (1855)

Наводи

уреди
  1. A. V., „Objašnjenja“, во: Apulej, Zlatni magarac, Dereta, Beograd, 2011, стр. 219.