Арендско Езеро
(Пренасочено од Арендзе (езеро))
Арендско Езеро (германски: Arendsee) е природно езеро во регионот Алтмарк, на северот на Саксонија-Анхалт, Германија. Се наоѓа на 23,3 метри надморска височина и неговата површина е 5,14 км², неговата длабочина е околу 50 метри. Тоа е најголемото и најдлабокото природно езеро во Саксонија-Анхалт. Лежи на врвот на купола од сол. Хидролошки, повеќе или помалку е изолирано со само мали вештачки одливи, поврзувајќи ја реката Елба преку реката Јецел. Водниот капацитет (0,147 млрд. м3) се менува само на секои 100 години. Градот Арендзе и селото Шрампе се наоѓаат на неговите брегови.
Арендско Езеро Arendsee | |
---|---|
Подрачје | Саксонија-Анхалт |
Координати | 52°53′21″N 11°28′27″E / 52.88917° СГШ; 11.47417° ИГД |
Сливни земји | Германија |
Површина | 5,14 км² км2 |
Прос. длабочина | 29 м м |
Најг. длабочина | 50 м м |
Проточност | 100 години |
Надм. височина | 23,3 м м |
Населени места | Арендзе и Шрампе |
Надворешни врски
уредиОваа статија за место во округот Алтмарк Залцведел е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |