Аренберг (Левен)
Аренберг (хол. Arenberg) е замок во Хеверле близу Левен, Белгија. Окружен е со парк.
Историја
уредиНа ова место стоел замокот на властелините на Хеверле уште од XII век, но семејството осиромашило, и во 1445 морало да ја продаде земјата на семејството Кроа од Пикардија. Вилем ван Крои го надоградувал средновековниот замок, а земјиштето на замокот го подарил на целестинскиот манастир, кој денес служи како факултетска библиотека. Антон ван Крој решил да го урне средновековниот замок и во 1515, на истото место изградил нов, а од стариот замок зачувал само една кула. По неговата архитектура, новиот замок е главно традиционално фламански, со прозорни рамки од песочник и ѕидови од тули, иако оттогаш го имаат менувано, со готски, ренесансна и неоготска архитектура. Големите аголни кули се типични, врз кои некогаш стоел германски орел.
Карл III од Крои бил последниот војвода, а по неговата смрт во 1612л, без поголеми дискусии замокот прешол во рацете на семејството Аренберг, каде била омажена неговата сестра, и останал нивен сѐ до Првата светска војна. Првито гасен балон со човек во историјата полетал од предниот тревник на овој замок на 21 ноември, 1783; балонистот бил професор Јан Питер Минкелерс. Дури и пред војната, поранешниот војвода сакал да го продаде замокот и земјиштето на Католичкиот универзитет во Левен, по разумна цена. Меѓутоа, при избувнувањето на војната, замокот и паркот биле одземени од владата, па универзитетот добил можност да го купи замокот дури во 1921. По ова, замокот станал проширен кампус за природни науки и инженерство во стилот на американските универзитети. Тој и денес е еден од главните кампуси на универзитетот, и во него се сместени речиси сите факултети по егзактни науки. Самиот замок е матична зграда на Инженерскиот факултет, и како таков е отворен за јавноста.