Арачиново (археолошки наоѓалишта)
(Пренасочено од Арачиново (археолошки локалитети))
- Кисел Вир — населба од неолитското време. На 3 км североисточно од селото, на десната страна од стариот пат Скопје - Куманово се издига блага височинка која постепено се спушта кон север формирајќи тумба. Веднаш до изворот на кисела вода, во нивите на ЗИК „Скопско поле“ се среќаваат фрагменти од керамички садови и делови од куќен лепеж.
- Криви Дол — некропола од римското време. Во атарот на селските ниви се пронајдени три цели надгробни плочи и еден фрагмент, сите со латински натписи. Само за една од нив наоѓалиштето Криви Дол е познато како место на наоѓањето. Плочите се чуваат во Музејот на Македонија во Скопје.
- Црквиште — храм / светилиште од римското време. На 3 км североисточно од селото, на највисокиот дел од ридот над Кисел Вир се гледаат темели од објект откриени во текот на 1955/56 година. На површината има и делови од камена пластика, мермерни блокови, бази и градежен материјал.
Литература
уреди- Археолошка карта на Република Македонија, Том 2, 1996, издание на МАНУ, Скопје, Македонија.