Араки
Араки (бислама: Araki) е мал карпест остров во покраината Санма во Вануату.
Араки Araki | |
---|---|
остров | |
Држава | Вануату |
Покраина | Санма |
Површина | |
• Вкупна | 2,5 км2 (10 ми2) |
Население (2009) | |
• Вкупно | 140 |
• Густина | 5,6/км2 (15/ми2) |
Час. појас | VUT (UTC+11) |
Географија
уредиАраки се наоѓа јужно од Еспириту Санто. Вкупната површина на островот е 2,5 км2.[1] Оддалеченоста од Еспириту Санто е околу 3 милји.
Население
уредиПоради самата големина на островот, бројот на жители на Араки бил отсекогаш мал. Според пописот од 1897 година имало 103 жители, во 1989 имало 112 а во 1999 година имало 121 жител. Според последниот попис од 2009 година имало 140 жители.[2] Сепак, населението е на честа релација Араки - Еспириту Санто.
Населението е поделено на 5 села. Од запад кон исток тие се: Пелинта, Парили, Парили Ару, Винапахура и Сопе. Главен јазик на осровот е аракискиот јазик, кој денес е во изумирање поради подоминатните бислама и тангоански јазик..
Стопанство
уредиГлавна стопанска активност на островот е градинарството. Дополнително, луѓето се занимаваат и со експлоатирање на природните ресурси на островот и рибарство. Продажбата на земјоделски култури и морски плодови се одвива на Еспириту Санто.
Наводи
уреди- François, Alexandre. 2002. Araki: A disappearing language of Vanuatu. Pacific Linguistics, 522. Canberra: Australian National University. 375 pp. ISBN 0-85883-493-6 (Publisher's page).
- ↑ „Vanuatu“. Haos Blong Volkeno. Архивирано од изворникот на 2018-08-08. Посетено на 8 August 2018.
- ↑ 2009 Census Summary release final Архивирано на 21 декември 2013 г. - Government of Vanuatu