Апостол Стахиј
Апостол Стахиј (грчки: Στάχυς)(† 54) бил епископ на Византион од 34 до 54 година. Неговиот ден се чествува на 4 јануари, заедно со чествувањето на Седумдесетте апостоли, како и на 31 октомври.
Апостол Стахиј | |
---|---|
Цариградски патријарх | |
Ракоположен | 38 |
Службата завршила | 54 |
Претходник | Апостол Андреј |
Наследник | Онисим |
Свети Стахиј бил помошник на св. Андреј Првоповикан. Св. Андреј го поставил за епископ во Византија. Ја создал Црквата во Аргиропол и управувал со својата паства верно и ревносно. По 16 години епископствување, мирно се упокоил[1].
Починал во Цариград.
Наводи
уреди- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2012-02-14. Посетено на 2012-02-20.