Апгар-тест е едноставна метода за брза проценка на здравствената состојба на новородено дете веднаш по раѓањето. Тестот бил измислен од Вирџинија Апгар, анестезиолог, со цел да се утврди ефектот на акушерската анестезија врз бебињата.[1][2]

Вирџинија Апгар

Резултатот од Апгар-тестот (т.н. Апгар скор) е одреден преку оценување на новороденото за пет едноставни критериуми на скала од нула до два, а потоа со собирање на добиените пет вредности. Резултатот може да биде од 0 до 10. Почетните букви од критериумите, на англиски јазик, го даваат името АПГАР: (Appearance: изглед или боја на кожата, Pulse: пулс, Grimace: гримаса или рефлексна раздразливост, Activity: активност или мускулен тонус, Respiration: респирации, односно дишење). На бебињата со збир меѓу 4 и 6 им е потребна реанимација, која најчесто вклучува вшмукување на содржината од дишните патишта и примена на кислород. На оние со збир помал од 4 им се неопходни подрастични акции за спасување на животот.


Наводи

уреди
  1. Apgar, Virginia (1953). „A proposal for a new method of evaluation of the newborn infant“. Curr. Res. Anesth. Analg. 32 (4): 260–267. PMID 13083014. Архивирано од изворникот на 2018-07-02. Посетено на 2012-08-06.
  2. Finster M; Wood M. (2005). „The Apgar score has survived the test of time“. Anesthesiology. 102 (4): 855–857. doi:10.1097/00000542-200504000-00022. PMID 15791116.