Антонио Фернандес

(Пренасочено од Антонио Фернандез)

Антонио Фернандес (1917 - 2016) бил шпански менаџер.

ЖивотописУреди

Антонио Фернандес се родил во 1917 година, во шпанското село Серзалес дел Кондадо, во семејство со 13 деца. На четиринаесетгодишна возраст го напуштил училиштето, бидејќи семејството било сиромашно и не можело да го финансира неговото образование. Подоцна се оженил со Цинија Гонсалез Диез и на возраст до 32 години се преселил во Мексико, каде се вработил во фирмата на нејзиниот вујко „Групо Мордело“ која го произведува пивотоКорона“. Таму постепено напредувал во хиерархијата и во 1971 година станал главен извршен директор. Благодарение на него, „Корона“ станала најпознато пиво во Мексико и постигнала голем успех во светот. За неговата хуманитарна работа Фернандес бил одликуван од шпанскиот крал Хуан Карлос. Фернандес починал во август 2016 година, а во својот тестамент оставил 200 милиони евра за жителите на своето родно село. Притоа, на секој жител му припаднале над 2,3 милиони евра, а остатокот од парите биле наменети за изградба на културен центар во селото.[1]

НаводиУреди

  1. „Сите жители преку ноќ станале милионери“, Дневник, година XX, број 6225, сабота-недела, 26-27 ноември 2016, стр. 24.