Антонио Петров е германски архитект, теоретичар, куратор и професор на бостонскиот универзитет „Харвард.[1]“ Потекнува од демиркапиското село Бистренци и во Македонија е актуелен поради учеството на неколку архитектонски форуми како и на тој на проектот Скопје 2014.[2] Во САД работи на полето на историјата и теоријата на архитектурата и урбаниот и дигитален дизајн.[3]

Животопис

уреди

Петров е роден во Германија од родители Македонци. Неговиот татко е роден во Бистренци и со неговата мајка живееле во Демир Капија. После дипломирањето во Германија, тој живеел во Турција, Шпанија и во Франција и на крај во Чикаго, САД, каде ги завршил магистерските студии како стипендист на Фулбрајт. Тој има дипломи за надворешна трговија, архитектура и урбан дизајн од Германија и магистратура архитектура на Институтот за технологија во Илиноис. Неговиот докторат е на тема „(не)материјалноста и просторното присуство на мега и метацрквите во Северна Америка“.[4] Тој, исто така е член на одборот на директори на „Extension Gallery“ во Чикаго и е директор на WAS, интердисциплинарна пракса на архитекати, урбанисти и графички дизајнери, со студија во Чикаго и Берлин. Добитник е на бројни меѓународни награди во натпревари за дизајн и неговата работа е објавувана и изложувана на повеќе меѓународни манифестации.[5]

Наводи

уреди
  1. „Doctor of Design Doctoral Students“ (англиски). Harvard University - Graduate School of Design. Архивирано од изворникот на 2010-09-29. Посетено на 2010-10-02.
  2. „Overview of the round table participants:“ (англиски). Форум Скопје. Архивирано од изворникот на 2010-05-25. Посетено на 2010-10-02.
  3. „„АФТЕРШОК НА ПОСТМОДЕРНИЗМОТ" ВО СКОПЈЕ“. Култура во Македонија. 4 јуни 2009. Посетено на 2010-10-02.[мртва врска]
  4. Нестороска, Билјана. „Нудам дискусија за цркви на плоштади во Македонија“. Вест. Посетено на 2010-10-02.
  5. „Affiliated Visiting Fellows“ (англиски). Harvard University. Архивирано од изворникот на 2010-12-09. Посетено на 2010-10-02.

Надворешни врски

уреди