Антиметаболит е хемиска супстанца која ја инхибира употребата на некој метаболит, кој пак е друга хемиска супстанца која е дел од нормалниот метаболизам.[1] Овие супстанци често се слични во структурата со метаболитот со кој интерферираат, како што се антифолатите кои интерферираат со искористувањето на фолната киселина. Присуството на антиметаболити може да има токсични ефекти врз клетките, како што се запирање на клеточниот раст и клеточната делба, па овие соединенија се користат во хемотерапијата на канцер.[2]

Лекот метотрексат (десно) е антиметаболит кој интерферира со метаболизмот на фолна киселина (десно).

Наводи

уреди
  1. Smith, A. L. (1997). Oxford dictionary of biochemistry and molecular biology. Oxford [Oxfordshire]: Oxford University Press. стр. 43. ISBN 0-19-854768-4.
  2. Peters GJ, van der Wilt CL, van Moorsel CJ, Kroep JR, Bergman AM, Ackland SP (2000). „Basis for effective combination cancer chemotherapy with antimetabolites“. Pharmacol. Ther. 87 (2–3): 227–53. doi:10.1016/S0163-7258(00)00086-3. PMID 11008002.