Антиген (напишан во изворите на старогрчки: Ἀντιγένης (Антигенес); починал 316 година п.н.е.) бил генерал на Александар Македонски, кој исто така служел под Филип II Македонски и го изгубил окото на опсадата на Перинт (340 п.н.е.). По смртта на Александар во 323 година тој ја добил сатрапијата на Сусијана. Тој бил еден од командантите на Аргираспидите („Сребро-штитните“) и со своите трупи ја зазел страната на Евмен. По поразот на Евмен во 316 година, Антиген паднал во рацете на неговиот непријател Антигон, и го фрлиле во јама и го запалиле жив од страна на него.

Причината за Антиген за особено суровиот метод на погубување се должи на неговата единица, Сребро-штитните и нивната исклучителна изведба против пешадијата на Антигон за време на Втората војна на Дијадосите.[1]

Наводи

уреди

Белешки

уреди
  1. Плутарх, Напоредни животописи, "Александар", 70, "Евмен", 13; Фотиј, Bibliotheca, cod. 92; Диодор Сицилиски, Bibliotheca, xviii. 62, xix. 12, 44