Андреја Јанев Куртишев ( 1913 во Дебел Даб, Пиринска Македонија, Бугарија1948) — македонски борец за човекови права, активист за обединета и независна Македонија. Жртва на комунистичкиот режим во Бугарија.[1]

Андреја Куртишев
Роден 1913 година
Дебел Даб, Влахи, Пиринска Македонија, денеc Бугарија
Починал 1948 година
Националност Македонец

Животопис

уреди

Неговото убиство се случило пред очите на неговата сопруга Лена, која во целост го прераскажала настанот. Бугарската полиција направила блокада на нивното село и Андреја бил уапсен и чуван цела ноќ во селското училиште. Следниот ден бил ослободен за кратко, па успеал да се врати дома со отечена глава од тепање и со проблеми во говорот. Веднаш бил по втор пат уапсен и повторно однесен во училиштето каде бил повторно тепан. Успеал да избега, но бил забележан од командантот Керин, кој веднаш пукал во Андреја. Од куршумите му се отворил стомакот од кој виселе неговите црева, а Андреја ги држел во рака и продолжил да бега, но бил стасан од Керин, кој го вратил кај училиштето и злогласниот полковник Рачев, кој го извадил својот пиштол и веднаш го стрелал во главата.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Зловещата - 1948 год. за Пиринска Македония. Горна Џумаја. стр. 76–77. На |first= му недостасува |last= (help)