Анакована пара за колекционерски цели издадена од страна на Народната банка на Република Македонија во 2015 година.

Ана
Лице
Опачина
Поединости
Серија Ден на Ангел
Номин. вредност 100 денари
Метал сребро 925
Тежина 28,28 г
Димензии 30 x 50 мм
Облик јајчест
Раб мазен
Издадена 2015
Цена 3.500 ден.

Опис

уреди

Лице

уреди

На лицето од парата е прикажан ангел наведнат над дете во моментот на крштевањето. Претставени се обоени, златни ѕвезди околу ангелот и три свеќи околу детето. Во средишниот дел на лицето на монетата е прикажан грбот на Република Македонија. На десната страна, по должината на периметарот, се прикажни натписите: „Република Македонија“ и „100 денари“ на македонски јазик, како и годината на издавање „2015“.[1]

Опачина

уреди

На опачината од парата, во средишниот дел од монетата е претставен ликот на Света Ана Кашинска, руска кнегиња канонизирана во 1650 година. Во долниот дел на кованата пара е прикажана црквата на старите верници на Света Ана Кашинска во селото Раменски, Русија. На десната страна се прикажани лисја и плодови од оскоруша, симбол на името на Ана. На левата страна е вметнат кристал „сваровски“, кој наликува на рубин, среќниот камен на Ана. На десната страна е напишано името „Ана“ (на македонски и на руски јазик), а на левата страна се прикажни натписите: „Ден на Ангел“ (на македонски) и ознаката „Аg 925“.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Кована пара за колекционерски цели: „АНА". Посетено на 8 јануари 2018.