Ана Пророчицата (хебрејски: חַנָּה‎‎, грчки: Ἄννα[1]) — личност од Новиот завет, спомната во случајот кога бебето Исус е донесено во Ерусалимскиот храм. Почитувана од Православната црква во лицето на праведниците, споменот ѝ се празнува на 3 февруари заедно со Симеон Богопримец, и на 28 август (јулијански календар).[2]

Ана Пророчицата
Ана Пророчицата
пророчица
Роден(а) I век п.н.е.,
Починал(а) I век
Почитуван(а) во Римокатоличка црква
Православна црква
Слава 3 февруари

Ана, според евангелистот Лука, била побожна вдовица во Ерусалим: „ќерка на Фануил, од Асировото племе, во длабока старост, која од своето невинство проживеала со мажот седум години“ (Лука 2:36). На денот кога бебето Исус било донесено во Ерусалимскиот храм од неговите родители Марија и Јосиф за да го жртвуваат како машки првенец во согласност со тогашниот еврејски закон (Исход 12:12–15), Ана имала 84 години: „не отстапи од Храмот, служејќи Му на Бога со пост и молитва дење и ноќе“ (Лука 2:37).[3]

Наводи

уреди
  1. „Strong's Greek: 451. Hanna: Anna, a prophetess“. biblehub.com. Архивирано од изворникот на 2016-12-25. Посетено на 2016-12-18. Занемарен непознатиот параметар |deadlink= (се препорачува |url-status=) (help)
  2. Ruiter, Grace. „Anna the Prophet: She Never Stopped Praying | Luke 2:36-38 | Women of the Bible“. Faithward.org (англиски). Посетено на 2023-04-15.
  3. Лука 2 | MKB Bible | YouVersion.

Надворешни врски

уреди