Ана Клевска
Ана Клевска (22 септември 1515 - 16 јули 1557) била четвртата сопруга на англискиот крал Хенри VIII. На позицијата се задржила од 6 јануари до 9 јули 1540 година. Таа била ќерка на Јован III, војвода на Клеве, кое се наоѓало во поречието на Рајна, Германија.
Ана Клевска | |
---|---|
Кралица на Англија | |
На позиција | 6 јануари 1540 – 9 јули 1540 |
Сопружник | Хенри VIII (1540) |
Династија | Марк |
Татко | Јован III |
Мајка | Марија |
Потпис |
Бидејќи нивниот брак не бил крунисан, тој бил слободно поништен, по кое Ана добила обесштетување од кралот, и кон неа по ова се обраќале како Обична сестра на кралот.