Ана Дере
река во Берско, Егејска Македонија
Ана Дере или Трипотамос (грчки: Τριπόταμος, Ανά Ντερέ) — река во Берско, Егејска Македонија која поминува низ градот Бер.[1]
Ана Дере Τριπόταμος | |
---|---|
Ана Дере во Бер | |
Местоположба | |
Земји | Грција |
Крај | Берско, Егејска Македонија |
Физички особености | |
Извор | |
• место | Каракамен кај Кастанија |
• координати | 40°23′48″N 22°07′36″E / 40.3968° СГШ; 22.1268° ИГД |
Устие | |
• место | Мегленица кај Нова Луковица |
• координати | 40°34′38″N 22°15′30″E / 40.5771° СГШ; 22.2582° ИГД |
Особености на сливот | |
Опис
уредиРеката извира од јужните делови на планината Каракамен, јужно од с. Кастанија. Тече во североисточен правец и минува низ с. Топљани. Кај некогашното село Горна Лужица свртува на северозапад, го одминува с. Лужица (Долна Лужица) и ја прима големата лева притока Гавана. Продолжува на североисток и проаѓа низ северозападните населби на градот Бер.[1] Тука на реката стои стариот Синан-бегов мост, изграден во 1585-86 г.[2][3]
Откако ќе го напушти градот, тече на североисток и кај Нова Луковица се влева во реката Мегленица како нејзина десна притока.[1]
Притоки
уреди→ лева, ← десна
- → Гавана
- ← Карадере
- → Гавана
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
- ↑ „Το ήξερες; Ποια είναι η Γέφυρα «Καραχμέτ» στη Βέροια;“. Βεροιώτης. 23 март 2018. Посетено на 7 ноември 2019.
- ↑ „Γεφύρι Καραχμέτ(η) ή Γεφύρι Της Μπαρμπούτας“. www.petrinagefiria.com. Посетено на 7 ноември 2019.